СДСМ очекува по падот на Вучиќ во Србија да се отворат криминални истраги за врските во Македонија


 

Опозициската СДСМ денеска изјави дека по падот на режимот на Александар Вучиќ во Србија да дојде време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност.

„Допрва ќе почнат истрагите во Србија а тоа ќе доведе и до линковите во Македонија.  

На сите им е јасно зошто Алта банка влезе во Македонија а беше запрена во Европа.  Истиот црн капитал се вложува во истата банка.

Јасно е за влезот на српскиот Еуроњуз и ‘Ало’ група. За ботовите на СНС, нивната бот-централа, платформа и трол фарми, во поддршка на ВМРО.

Јасно е зошто исти лоби куќи се поврзани со Вучиќ и Мицкоски, со 4iG, со Орбан, со рудниците за антимон. Сега на граѓаните им е јасно дека по истиот рецепт на Вучиќ од Србија се прават партии-сателити – за да се цепка опозицискиот глас“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.