Амбасадорката на Украина апелира за помош да се стоплат по нападите на енергетската мрежа
Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, повика на поддршка на меѓународната иницијатива #WarmthForUkraine, предупредувајќи на руските напади врз енергетската инфраструктура пред зимата. Една од конкретните потреби е генератор за амбулантата во украинското село Чистопил, на околу 20 километри од фронтовската линија.
Во својата објава на X, амбасадорката Дир наведува дека само минатата недела руските сили ја нападнале Украина со 1.600 авиобомби, 48 ракети и 2.300 дронови. Таа предупредува дека една од главните цели на нападите е уништувањето на украинската енергетска инфраструктура пред почетокот на зимата.
„Ве молиме да ги поддржите Украинците преку #WarmthForUkraine“, порача Дир.