Мајкрософт нуди доброволно заминување со отпремнини за околу 60.000 вработени поради инвестиции во ВИ
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нуди програми за доброволно заминување со отпремнини за околу 60.000 вработени, што чини повеќе од четвртина од нејзината вкупна работна сила на глобално ниво.
Технолошката компанија на овој начин настојува да ги намали трошоците и да обезбеди дел од средствата за своите огромни вложувања во вештачката интелигенција.
Понудите се наменети за вработени во различни сектори на компанијата – вклучувајќи ги и оние кои работат на развој на решенија за ВИ, платформата „Копилот“, во финансиите, човечките ресурси, секторот за „Иксбокс“, како и во одделот за „Виндоус“ (Windows). Од програмата се изземени секторите за маркетинг, комерцијално работење и безбедност.