Дебата за здравствената заштита во казнено-поправните установи во земјава
Канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организира тематска дебата за степенот на обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи во земјава.
Дебатата ќе ја отворат народниот правобранител, Фатон Сељами, и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.
Заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска ќе ги презентира клучните наоди од спроведеното истражување за степенот на обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи и казнено-поправните домови.
На тематската дебата ќе учествуваат и претставници на Управата за извршување на санкциите, Министерството за здравство, како и претставници на казнено-поправните установи и домовите.