Платформата за СДСМ вели дека српските студенти покажале дека граѓаните биле уморни од политичарите


 

Речиси сите од нив се поранешни политичари (а некои од нив и сегашни), но Платформата за промени во СДСМ денеска, ден по сеизмичката победата на Студентската листа на изборите во Србија, вели дека тамошните граѓани и оние во Унгарија покажале дека се уморни од традиционалните политички партии, долгогодишните функционери и корупциските профитери. Во соопштението тие повикаа на вистинско обединување на прогресивната опозиција, поголемо вклучување на младите во политиката и реформи на изборниот систем во Македонија.

Тие им честитаа на граѓаните на Србија за високата излезност, а на Студентската листа за изборната победа, оценувајќи дека истрајноста и непосредната комуникација со граѓаните можат да донесат политички промени. Истовремено, изразија надеж за брзо нормализирање на состојбите во Србија по речиси две години протести и политички тензии.

Во делот посветен на Бугарија, организаторите побараа од претседателката Илијана Јотова да иницира постапка за брза екстрадиција на Ива Михаилова во Македонија.

Во однос на домашните политички состојби, тие бараат исполнување на предизборното ветување за воведување една изборна единица со отворени листи, нагласувајќи дека реформата треба да се спроведе пред следните парламентарни избори.