ЕУ планира нови ограничувања за увоз на кинески производи од 2027 година


 Европската Унија планира од почетокот на 2027 година да го ограничи увозот на кинески производи во сектори како хемиската индустрија, производството на мебел и машинската индустрија. Мерките би можеле да вклучуваат увозни квоти или царини.

Европската комисија би можела да ги претстави новите ограничувања уште во првиот квартал од 2027 година, објави денеска „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори упатени во односната проблематика.

Целта на новите мерки е да се ограничи приливот на кинеска стока и да се намали големиот трговски дефицит на ЕУ со Кина, кој минатата година достигна 360 милијарди евра.