Дончиќ стана најбрзиот играч на Лејкерс што достигна 3.000 поени
Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, постигна 52 поени во натпреварот на Лос Анџелес лејкерс ноќеска против Јута џез на гостински терен со резултат 132:123 во регуларната сезона. Тој исто така имаше 10 асистенции и 8 скока.
Според „Баскетбол Форевер“, 27-годишниот Дончиќ стана најбрзиот играч во историјата на Лејкерси што достигна 3.000 поени. Му беа потребни 95 натпревари.
Во минатото, Џорџ Микан постигна 3.000 поени во 106 натпревари, Карим Абдул-Џабар во 109, Шакил О’Нил во 110 и Леброн Џејмс во 114.
Во сезоната 2026/27, Дончиќ има просек од 34,3 поени, 7,3 скока и 8 асистенции по натпревар.