ПМФЛ: Силекс и Шкендија А го отвораат 11. коло


 Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново, попладнево од 14 часот на стадионот во Кратово, ќе биде отворено 11. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Силекс ја пречекува Шкендија по минатонеделниот гостински триумф над Башкими (3-0) со што кратовскиот тим стави крај на серијата од шест натпревари без победа, додека дебитантот во прволигашката конкуренција е во серија од два порази и реми на последните три дуели во ПМФЛ.

Дерби натпреварот на 11 прволигашко коло е закажан за утре, кога тетовска Шкендија ќе го пречека Вардар, додека Струга е домаќин на Скопје.

В недела на програмата се натпреварите Арсими – Брегалница и Тиквеш – Башкими.