Кралот Чарлс и Камила во посета на Шпанија – полицијата го расчистува најголемиот мигрантски камп во Сеута
Мадрид – Шпанската полиција денеска започна со расчистување на најголемиот мигрантски камп во Сеута пред посетата на британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила.
Полицијата започна операција за расчистување на импровизираната населба на плажата Трамболина во Сеута, каде што околу 3.000 луѓе живеат во лоши услови повеќе од два месеци, објавува Евроњуз (Euronews).
Во акцијата „Трамболина“ учествуваат припадници на Единицата за превенција и реакција (UPR), разузнавачки служби од Сеута и други делови на Шпанија.
Полицијата ја објави оваа операција посочувајќи ги условите на самата локација, наведувајќи дека водата во близина на плажата Трамболина е загадена и дека постои здравствен ризик, како и зголемување на насилните инциденти.

За да се спречат немирите, полицајците ги блокираа сите пристапни точки, спречувајќи судири, и распоредија дополнителни полициски возила и дрон што ја следи операцијата од воздух.
Шпанската влада го одреди 15 октомври како краен рок за завршување на процесот на иселување, а посетата на британскиот крал и кралица е закажана на 13 октомври.
Кризата во Сеута започна кон крајот на јули, кога повеќе од 70.000 луѓе ја преминаа границата од Мароко, но повеќето беа вратени во рок од неколку часа