Амазонско племе без контакт со цивилизацијата – излезе да бара помош
Припадници на „најзагрозеното племе во светот“ остварија редок контакт со владини службеници во бразилската прашума, барајќи храна. Претставници на непрофитни организации изразија загриженост, оценувајќи го овој настан како „загрижувачки знак“.
Според организацијата за човекови права „Сурвајвал интернешнал“ во понеделникот, околу 20 припадници на домородниот народ Ава (Awá) се приближиле до еден пункт во амазонското село Тавари, во североисточната држава Марањао, барајќи јамс (вид коренест зеленчук). Овие ловци-собирачи ја прифатиле храната и се вратиле на својата територија, која со текот на годините е десеткувана од нелегална сеча, ловци и сточари.
Според фотографиите споделени од организацијата, номадските припадници на племето, кои биле речиси целосно необлечени, држеле долги дрвени копја додека стоеле на работ од густата шума.
„Ова е загрижувачки показател за тоа како континуираното навлегување во шумите на племињата кои немаат контакт со надворешниот свет, ги доведува во реална опасност овие домородни народи, кои инаку се целосно самоодржливи“, изјави Каролин Пирс, директорка на „Сурвајвал интернешнал“.
„Племето Ава, кое живее изолирано, е под огромен притисок бидејќи натрапници навлегуваат од сите страни на нивната територија, принудувајќи ги да се повлечат на сè помал простор во амазонската прашума, опкружен со уништување.“
Сара Шенкер, раководител на бразилскиот огранок на организацијата „Survival International“, ја опиша оваа средба како „навистина кризен момент и повик за будење“, пренесува „Асошиејтед прес“ (AP).
Племето Ава се смета за едно од најзагрозените племиња на Земјата и претставува еден од последните народи кои немаат контакт со надворешниот свет, опстојувајќи како изолирана група без допир со модерната цивилизација. Оваа номадска група користи лакови и стрели за лов на армадили, а во густата прашума собира див мед и плодови од палмата бабасу.
Според фотографиите што ги сподели групата, припадниците на ова номадско племе, кои се речиси целосно необлечени, држат долги дрвени копја додека стојат на работ на густата шума.
Припадниците на ова номадско племе, кои се речиси целосно необлечени, држат долги дрвени копја додека стојат на работ на густата шума.
Неколку групи, вклучувајќи го и домородниот народ Гваџаџара – познати како „Чувари на шумата“ – се обидуваат да го заштитат племето Ава. Тие тврдат дека владините претставници не успеале да го заштитат племето од навлегувањето на дрвосечачи и сточари во тој регион.
„Ситуацијата во шумата е тешка: климатските промени, пожарите, уништувањето на шумите и узурпацијата на земјиштето имаат директно влијание врз нивните територии и начинот на живот на племето Ава, кој целосно зависи од ловот и собирањето плодови“, изјавија припадниците на народот Гваџаџара.
„Чуварите на шумата отсекогаш работеле на заштита на племето Ава од навлегување на туѓинци, дури и по цена на губење на свои борци во судири“, додадоа од народот Гваџаџара. „Бараме итна реакција од надлежните органи, преку директен дијалог со COCALITIA и Чуварите за да се обезбеди она што народот Ава го смета за најдобро за себе, штитејќи ги нивните животи, здравје, безбедност и достоинство“.
Тој ги повика законодавците да заземат построг став во однос на заштитата на земјата на народот Ава.
„Бразилската влада мора да ги обезбеди неопходните ресурси за заштита на Арарибоја од дрвосечачите и сточарите кои ја уништуваат,, флагрантно кршејќи го законот“.
Домородната територија Арарибоја зафаќа површина од приближно 1,2 милиони акри (околу 485.000 хектари).(Њујорк Пост)