Тамара слави „25 години љубов“ – билетите за концертот на 7 декември се во продажба
Започна продажбата на билетите за големиот солистички концерт на Тамара Тодевска, кој ќе се одржи на 7. декември 2026 година, во 20 часот, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Под мотото „25 ГОДИНИ ЉУБОВ“, Тамара ќе одбележи четврт век музичка кариера и една посебна врска со публиката која растеше заедно со неа и нејзините песни.
Концертот воедно ќе биде и премиерно концертно претставување на новиот визуелен албум „КУКЛА ЖИВА“. Публиката за првпат во живо ќе ги слушне сите 10 песни од албумот, во изведба на Тамара и музичарите предводени од Емин Џијан, заедно со најголемите хитови и песни што ја одбележаа нејзината 25-годишна кариера.
Тамара го собра џет-сетот на промоцијата на новиот албум „Жива кукла“ во Скопје (фото + видео)
Тамара и нејзиниот тим подготвуваат специјално осмислена музичка, сценска и визуелна продукција која ќе ги спои различните периоди од нејзината кариера во една вечер: 25 години музика, емоции и, пред сè, 25 години љубов.
Билетите за концертот се достапни преку Wayin.mk, во три категории:
- Партер – 700 денари
- Трибини – 800 денари
- Фан зона – 1.100 денари
Сите билети купени за претходно најавениот термин, 3. октомври, остануваат важечки и за концертот на 7. декември, без потреба од нивна замена. На сите кои не се во можност да присуствуваат на новиот датум ќе им биде овозможен поврат на средствата за купените билети.