Тамара го собра џет-сетот на промоцијата на новиот албум „Жива кукла“ во Скопје (фото + видео)
На поп-ѕвездата со изглед на дива, со ангелски глас и бунтовен дух Тамара Тодевска, синоќа, на промоцијата на првиот најавен визуелен албум кај на „Жива кукла“ во Скопје ѝ успеа тоа што на ретко кој му успева кај нас – да го собере македонскиот џет-сет, најубавите, најдотерани и најмоќни жени и колегите од естрадата. Синоќа, „Интермецо“ личеше на модна писта, се ширеше опоен мирис од парфеми и од подарени цвеќиња, кај да се завртиш, некој „авион“ проаѓа покрај тебе.

Тамара, во улога на домаќинка, блескаше со гала-изгледот, среќна и задоволна што семејството, најблиските соработници, пријателите и колегите, поддржувачите и медиумите се покрај неа, за новиот албум кој беше ремек-дело и со песните, текстовите, врвните спотови и врвниот аутфит на поп-ѕвездата во нив. Синоќа, помалку не болеше што ѕвезда од таков калибар, со најдобар пласман на Евросонг и безброј хитови, не ја делеше сцената со славниот шпански тенор Хозе Карерас, завчеравечер, на Градскиот плоштад, со останите македонски, поп, фолк и од оперската сцена, ѕвезди.

Десет песни, десет приказни и една нова ера. „Кукла жива“ е проект за кој Тамара вели дека сонувала цел живот. Албумот носи десет песни и лична приказна во која таа отворено зборува за сопствените чувства, избори, падови, преиспитувања и за моментот во кој престанала да се приспособува на очекувањата на другите.

„Цел живот сонував за овој албум. И сега, кога конечно е реалност, нема да бидам скромна и ќе кажам – вредеше да се сонува цел живот за него. Овој албум ги дава одговорите на многу од прашањата што сте ми ги поставувале низ годините, а можеби и на некои што никогаш не сте се осмелиле да ги поставите. Создавањето на ‘Кукла жива’ ме научи дека чувствата во мене никогаш не биле погрешни. Ова е моментот кога конечно престанав да се преиспитувам и го зедов својот живот во свои раце“, изјави Тамара на промоцијата.

Еден од клучните луѓе во создавањето на „Кукла жива“ е Коста Петров, кој со Тамара соработуваше и во периодот на нејзиниот евровизиски настап во 2019 година. Години подоцна, нивната соработка продолжува низ еден значително поличен и пообемен музички проект.

„Со Тамара поминавме низ еден долг процес на создавање, разговори и барање на вистинските песни и приказни. Нашата соработка има своја историја уште од 2019 година и Евровизија, но ‘Кукла жива’ е едно сосема ново поглавје. Овие песни се создаваа од вистински емоции и искуства и мислам дека токму затоа секоја од нив носи дел од Тамара каков што публиката можеби досега не го познавала“, истакна Петров.

Посебен белег на албумот му дава и неговата продукција. Во создавањето на „Кукла жива“ учествуваа повеќе од 60 музичари, со идеја секоја песна да добие богат и автентичен музички израз.

„Од самиот почеток сакавме да создадеме албум зад кој ќе стои вистинска музика и огромна посветеност кон звукот. Повеќе од 60 музичари оставија свој печат во овој проект и тоа се чувствува во песните. Во време кога музиката може да се создава на многу поедноставен начин, ние свесно го избравме потешкиот пат: да вложиме во музичари, аранжмани, продукција и звук кој ќе остане“, изјави Емин Џијан.

Визуелниот идентитет е неразделен дел од приказната на „Кукла жива“. Видеоспотовите за песните од албумот се во режија на Мартин Трајановски, а се снимени во Takat Studios, создавајќи единствен визуелен свет кој ја надополнува музиката и емоцијата на секоја од десетте песни.

Со објавувањето на визуелниот албум започнува новото поглавје на „Кукла жива“, но и патот кон следниот голем момент во кариерата на Тамара.

На 7 декември 2026 година, Тамара Тодевска ќе одржи голем солистички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, на кој новите песни ќе се сретнат со хитовите што ја одбележаа нејзината досегашна кариера.

Линк до целиот визуелен албум „Кукла жива“ – https://www.youtube.com/playlist?list=PLaqkL5uOs1uU


