САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат патувања во Саудиска Арабија


Вашингтон – Амбасадата на САД во Саудиска Арабија денеска ги предупреди американските граѓани да избегнуваат патувања во земјата поради ризиците што доаѓаат од Иран и јеменските бунтовници Хути.

Во соопштението на Амбасадата се наведува дека постои ризик од „ирански беспилотни летала и ракети кои ги загрозуваат американските интереси“.

Американското дипломатско претставништво истовремено ги повика граѓаните да не патуваат кон границата со Јемен поради „терористичка опасност“.