Скандал во Сеул: Податоците од пасошот на претседателот Ли Џае-мјунг објавени на интернет пред неговото патување во Европа


Податоците од пасошот на јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг и на дел од неговиот тим биле објавени на интернет во датотека поставена во јуни на веб-страница со платена содржина, објави јужнокорејскиот медиум КБС.

Според информациите, на почетокот на јуни на веб-страницата биле објавени податоците од пасошите на 168 лица, меѓу кои и на претседателот Ли, членовите на неговото обезбедување и советникот за национална безбедност Уи Сунг-лак.

Датотеката била објавена под наслов „Список на патници“, еден ден пред претседателот да замине на патување во Европа претходно оваа година, кога во јуни ги посети Белгија, Италија и Франција за учество на самитот на Групата седум (Г7).

Медиумот соопшти дека го известил претседателството на Јужна Кореја. Оттаму посочиле дека го разгледуваат случајот и дека имаат намера веднаш да преземат мерки.

КБС наведува дека сè уште не се разјаснети околностите под кои била поставедена датотеката, ниту кој ја преземал.