Саботажи со цевки на 20-ина пруги го нарушија железничкиот сообраќај во Холандија
Железничкиот сообраќај во централна и северна Холандија утрово беше нарушен за време на шпицот откога на пругите намерно беа поставени цевки, соопшти менаџерот за инфратсруктура во „Прорејл“ (ProRail).
Од утворо се пријавени 20-ина вакви случаи.

Холандскиот радиодифузер НОС (NOS) објави снимки од долгите тенки цевки како се отстрануваат од пругите.
„Во оваа фаза се чини дека станува збор за намерно нарушување на железничкиот сообраќај од човечка акција. Сè уште не е познато кој е одговорен или кој е мотивот“, објави „Прорејл“ (ProRail) додавајќи дека случајот го истражува националната полиција.
Цевките го нарушија не само железничкиот туку и патниот сообраќај бидејќи неколку железнички премини мораа да останат затворени, објави „Прорејл“ (ProRail).
Засега не се знае кога сообраќајот би можел да се нормализира.