Општина Аеродром крена и камионче – се расчистува јавниот простор


 

Општина Аеродром продолжува со активностите за ослободување на јавните површини од хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила, а паралелно продолжуваме и со обновување на урбаната опрема низ сите населби.

Општинскиот инспекторат и минатата недела работеше на отстранување на возилата што подолг период зафаќаат јавен простор, вклучително и возила кои се нерегистрирани повеќе години, по спроведување на сите соодветни постапки, соопштија од Општина Аеродром.

Не може скапаните возила да стојат по паркинзите – Аеродром ги однесе, вие ќе си платите!

Во исто време, се поставуваат нови и се обновуваат постојните клупи, со што се создава побезбедна, поуредна и попријатна средина за секојдневно живеење и престој.

Зонското ќе стигне и до Ново Лисиче, општината подигнала само 15 хаварисани возила