МОН ќе додели грантови за училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата


Фото: Б. Грданоски

Министерството за образование и наука објави  повик за доделување грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите што ќе бидат поддржани со грант може да се реализираат самостојно во училишта во кои наставата се одржува на повеќе наставни јазици или во партнерство со друго училиште.

Грантовите се во износ до 60.000 денари, а изборот со рангирање ќе го прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, во согласност со одредените критериуми.

-Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи, кои се темелат на  почитување на разликите. Притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество, со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училиштен амбиент, соопшти МОН во објавениот повик. 

Аплицирањето трае до 1 декември 2026 година, а пријавувањето е на електронскиот систем за услуги на МОН:  https://e-uslugi.mon.gov.mk во менито за меѓуетничка интеграција.

-За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на e-uslugi.mon.gov.mk, потребно е училиштата да  се најават со официјалните кориснички сметки на @schools.mk кои се веќе регистрирани, се наведува во јавниот повик, во кој се достапни и насоки за аплицирање.