Калиопи со три акустични концерти во Филахармонија – какво изненадување не очекува?


Фото: Б. Грданоски

„Не кажувам со кои песни, колку песни, очекувам публиката да се изненади од новите акустични концерти во Филхармонија, закажани на  14 ноември, 6 и 7 декември , во организација на „Прагма“ со кои соработувам веќе година ипол. Ветувам ново музичко искуство со бендот и гудачки квартет на сцената“, изјави Калиопи, минатиот месец, на доручек дружењето со новинарите .

Фото: Б. Грданоски

Вечерашниов, прв концерт, од 21 часот, е веќе распродаден, другите два се пред распродавање, а се очекува и четвртиот, се чека слободен термин од Филхармонија, , во декември, потенцираше тогаш Кристијан Стефановски, првиот човек на „Прагма продукција“. 

-Секогаш ми е важна интеракцијата со публиката, без разлика дали е на интимен простор или стадион. Очекувам дека Филхармонија, сите три вечери, ќе биде исполнета со многу луѓе и емоции и мислам дека ќе прашти од емоции и од љубов, и по некое плачење, не од тага, туку од среќа. Имам респект кон овие концерти затоа што се надевам дека нема да согорам во тие емоции и ќе можам да ви се дадам онака како што ви се давам со години“, изјави поп-ѕвездата пред концертите во Филхармонија.

„Добра вечер и лека ноќ“ – Калиопи ја промовираше новата песна во Белград (видео)

 

Скопје уште се сеќава на ланскиот концерт, во октомври, за прв пат во „Борис Трајковски“ во Скопје, каде три часа емоции, врвна музика, хитови кои се вечни и  новите кои допрва ќе станат,  приреди поп-дивата Калиопи. Публиката ја преполни салата, иако ние сме навикнати да ја гледаме и да ја слушаме на поинтимни места или под ѕвездено небо. Сепак, фановите, направија ѕвездено небо во салата, и повторно, ѕидовите вибрираа од добра музика и позитивна енергија. (Л.С.)