Рита Ора ѕвезда во паузите на Евросонг во Ливерпул
Би-би-си вели дека ќе покаже колку Велика Британија е „обединета преку музиката“, што е слоганот на годинешниот натпревар
Ливерпул- Рита Ора ќе отпее некои од нејзините најголеми хитови за време на паузата од полуфиналната вечер на Евровизија во мај.
Рита Сахатчиу Ора е родена во Приштина. Била бебе кога бегајќи од војната родителите се преселиле во Лондон каде што Рита ќе се прослави како пејачка, актерка, судија во натпревари за музички таленти, ТВ-водителка и манекенка. На музичката сцена дебитира во 2012 година со албумот „Ора“ и веднаш се искачи на врвот на музичките топ-листи кога музичката кариера почнува да ѝ ја води американскиот могул Џеј Зи. Пред да глуми во второто и третото продолжение на „Педесет нијанси сиво“, ја посетувала актерката школа на Силвија Јанг. Во соработката со „Адидас“ се обиде и како дизајнерка. Сестраната Рита, Косово во 2015 ја прогласи за почесен амбасадор. Лани се омажи за режисерот Таика Ваитити.
Гостинка на музичкото натпреварување ќе биде и британската пејачка и текстописец Ребека Фергусон, која е родена во Ливерпул, каде што се одржува натпреварот.
Ќе настапат и други украински артисти како Марија Јаремчук, Отој и Злата Џуника, а Велика Британија наместо воено разурната Украина ќе ја има улогата на домаќин.
Би-би-си вели дека ќе покаже колку Велика Британија е „обединета преку музиката“, што е слоганот на годинешниот натпревар.
„Се надевам дека ќе можам да се облечам“, се пошегува Фергусон во изјава за Би-Би-Си, само осум недели по породувањето.
„Со нетрпение го очекувам тоа, бидејќи ова ќе биде првиот деловен потфат за кој ќе треба убаво да се облечам – во последните неколку недели штотуку станав мајка“, додаде таа.
Натпреварот се очекува да го следат 160 милиони гледачи, кој би бил еден од најгледаните телевизиски преноси во историјата.
„Ќе се однесувам како во X Factor, бидејќи кога ќе излезам на сцената замислувам дека сум во студио.
„Тоа е единствениот начин да се преживее шоуто, инаку никогаш не би се качила на сцената“, вели таа.

Двете полуфинални вечери на Евровизија се закажани за вторник, 9 мај и четврток, 11 мај. Финалето е на 13 мај. Македонија годинава заради штедење, не учествува на 67. Евросонг. МРТ ќе врши пренос од сите три вечери.
