25 познати во венчаници и Нокаут го отвораат 14. Саем за венчавки “Wedding Expo Skopje”
Три дена гламур, љубов и реални одлуки за најважниот ден во животот – од 20 до 22 февруари 2026 година, хотел „Александар Палас“ ќе биде домаќин на 14-тото издание на Wedding Expo Skopje, најголемиот саем за венчавки во регионот, во организација на „Во Бело“.
На повеќе од 2.000 м² изложбен простор, над 50 изложувачи ќе понудат комплетна свадбена организација – од венчаници и костуми, до бурми, декорации, фотографија, музика, кетеринг, свадбени коктели и beauty услуги.
Ова не е само настан што се гледа – туку место каде што се носат најважните одлуки.
Свечено отворање – вечер на страст и спектакл
Петок, 20 февруари (18:00 – 23:00), носи свечено отворање со аргентинско танго, а музичката кулминација е концертот на легендарната група Нокаут.
Централниот момент на вечерта е свечената модна ревија „Познатите во венчаници“, во која над 25 познати личности од јавниот живот ќе продефилираат во ексклузивни венчаници и свечени тоалети.
Вечерта завршува со свечен коктел.
Сабота (10:00 – 20:00) – инспирација и конкретни договори
Саботата носи модни презентации, свадбени трендови за 2026 година, музичка програма и тематски сегменти за планирање на свадбата.
Но најважно – посетителите ќе можат директно да ги разгледаат понудите од сите изложувачи, да споредат услуги и да искористат специјални саемски попусти што важат само за време на настанот.
Недела (10:00 – 19:00) – ревии и финални одлуки
Неделата носи дополнителни модни ревии, презентации за свадбен изглед и трендови и можност за финални резервации и договори.
Wedding Expo Skopje 2026 е местото каде што инспирацијата веднаш станува реален план.
Влезници се достапни онлајн преку mktickets.mk и на самиот влез во хотел „Александар Палас“ по цена од 200 денари.
Саем за венчавки што не се пропушта – три дена стил, музика и можност да го испланирате совршениот почеток.