„25“- „Нокаут“ со нова песна на текст на Игор Џамбазов (видео)
Групата „Нокаут“ издаде нов сингл насловен „25″. Автор на музиката е Дарко Димитров, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Игор Џамбазов. Микс и мастеринг – Дарко Димитров (студио Димитрови).
„По 25 години време беше да направиме ретроспектива на сѐ што сме оставиле зад нас, за вас, преку нова песна и видео спот. Да ве потсетиме на убавите ‘90ти години кога почнавме со Нокаут и кога наместо официјални спотови вртевме видео записи од настани по ТВ студија, музички емисии, бинго шоуа… “Buckle up”, времепловот кон ‘90тите тргнува, велат од „Нокаут“.
„Нокаут“ е формиран во 1997 година, а реоформен во 2006 година. Основач на бендот е Никола Перевски – Пере кој со поддршка на Дарко Димитров и покана на Кирил Колемишевски (втор вокал) и Ацо Богдановски (перкусии) и Владимир Крстевски – Франц го формираа првиот состав на „Нокаут“.
По неколку години пауза (2003-2006) Нокаут повторно се активирале во проширен и изменет состав. Покрај Франц и Пере влегуваа и членовите Благоја Антовски (тапани), Горјан Петровски (гитара), Бојан Перевски (перкусии), Борче Кузмановски (клавијатура), Виктор Николовски (бас гитара) и Луај Реџепов (гитара). Од првата постава во групата сега остана само Пере.