Дијалогот Белград – Приштина би требало да заврши за 18 месеци
Оптимален период за кој би требало да заврши дијалогот меѓу Србија и Косово, на кој инсистираат САД, е 18 месеци, по што би требало да следи меѓународна конференција, објави „Спутник Србија“, повикувајќи се на неименувани извори.
– Приштина со благослов на САД на повеќе европски адреси проследила предлог, со кој бара Бриселскиот договор да добие временско ограничување. За овој предлог Приштина има добиено позитивни одговори од неколку држави, но не и од највлијателната држава во Европска унија, Германија, тврди „Спутник Србија“.
Барањето на Приштина за временско ограничување на дијалогот со Белград, првпат го изнесе заменикот на косовскиот премиер Енвер Хоџај, кој истакна дека тоа е еден од двата клучни цели на Косово, кои Приштина ги зацртала за крајот на 2017 год.
Според косовскиот политички аналитичар Бехљуј Бечај „дијалогот без граници не е дијалог“.
– Тој мора да има почеток и крај. Значи, да има временскиот рок, кој подразбира да завршат одредени дејствија и конкретни активности во сите области – од судството, културата, спортот, дипломатските мисии. Целосно е основано да се размислува за дијалог со временски термини и ограничувања, оценува Беќај.
За новиот пристап кон дијалогот, според Душан Јањиќ од Форумот за етнички односи, значи дека Приштина сака да ги дефинира темите за кои во иднина би разговаралa.
– Во суштина, да се почне од првиот рамковен договор од Брисел, од она што досега е направено, и како обврска да се стави крај, како и да се додадат нови теми, истакна Јањиќ.
Останува дилемата за Косово, пишува „Спутник Србија“, како мисли да иницира одржување на Меѓународна т.е. верификациона конференција по овој рок од 18 месеци без учество на Русија, што е невозможно да се случи, бидејќи Мосва е дел од Контакт групата за Балкан, именована од ОН.