Меркел смета дека е време Германија да ја добие својата прва жена претседател


 Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се заложи жена да го наследи претседателот Франк-Валтер Штајнмајер кога неговиот втор петгодишен мандат ќе заврши следниот март. „Постојат 77 години историја на Сојузна Република Германија, а никогаш немало жена за претседател“, рече Меркел во интервју за МагентаТВ емитувано денеска. Секој треба да си го постави прашањето „дали сега не […]

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027, ќе потроши 4,8 отсто повеќе од годинава, буџетскиот дефицит проектиран на 3,5 отсто од БДП


Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2027 година, со кој ги поставуваме фискалните рамки и развојните приоритети за наредната година. Основната цел е да обезбедиме стабилни и одржливи јавни финансии, да продолжиме со постепена фискална консолидација, но истовремено да создадеме услови за економски раст, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните – изјави денеска […]

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување


Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Тетово и на Апелациониот суд Гостивар за пожарот во тетовската модуларна болница, во кој на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица. Предметот се враќа во Основниот суд Тетово на повторно постапување и одлучување. Одлуката е донесена на 22 октомври 2026 година, по уважување на […]

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз


Лозана – Судот за спортска арбитража пресуди денеска дека руските хокеарски репрезентации можат да учествуваат на светските првенства во машка и женска конкуренција следната година, поништувајќи ги со тоа одлуките на Меѓународната федерација во хокеј на мраз (IIHF) за нивно исклучување од меѓународните натпревари. Судот со седиште во Лозана ги потврди жалбите поднесени од Руската хокеарска […]

Го трогна Балканот: Говорот на српска студентка за слободата е мегахит на Фејсбук


  Убедливата победа на Студентската листа на изборите во Србија сè уште се анализира и одекнува низ целата земја и пошироко. На Фејсбук страницата на „Бука“, под наслов „Убавината на победата“, беше објавено видео од Миња Ѓелкапиќ, студентка од Чачак, на тема „Што е слобода?“ Темата за слободата одразуваше многу умови, а еве што рече […]

„Европска очна болница“ ги отфрла обвинувањата за двојна наплата на операции


Приватната „Европска очна болница“ од Скопје денеска реагираше по вчерашната полициска акција за сомнежи за финансиски злоупотреби и двојна наплата на операции на очи. Од болницата тврдат дека во медиумите биле објавени бројни невистини и најавуваат соработка со надлежните институции. „Нашата установа никогаш не оштетила ниту еден пациент, ниту од здравствен, ниту од морален или […]

Концерт на пијанистите Данијел Гашпаровиќ и Дино Имери во Салон 19:19


Во Салонот 19:19 во Културно информативен центар – Скопје вечерва во 20:00 часот скопската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Данијел Гашпаровиќ од Хрватска и Дино Имери,  двајца исклучителни пијанисти со меѓународно реноме. Уметниците ќе презентираат програма од Л. ван Бетовен, Б. Папандопуло, Д. Имери, М. Мошковски и М. Равел настапувајќи како […]

Историски преседан: Папата Лав XIV гласаше по пошта на американските избори за Конгресот


Ватикан – Папата Лав XIV стана првиот поглавар на Римокатоличката црква во историјата кој гласал на избори во САД, се посочува во соопштение од Ватикан. Според соопштението, папата, кој е роден во САД, гласал по пошта во Чикаго пред ноемвриските избори за Конгресот, потврдувајќи го своето долгогодишно уверување во важноста на учеството на граќаните во […]

ИЈЗ упатува препорака до граѓаните да го проверат вакциналниот статус и да се вакцинираат против морбили


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упатува препорака/ апел до сите родители и граѓани кои не ја примиле МРП вакцината (против мали сипаници, рубеола и паротит), согласно националниот Календар за имунизација, да ги посетат надлежните вакцинални пунктови и да ја надоместат пропуштената доза. ИЈЗ во објава на својот фејсбук профил наведува дека имајќи го предвид сè […]

Пријавени 70.185 лица за вакцинација против грип, досега вакцинирани 6.282 лица од ризичните групи


 Од активирањето на апликацијата vakcinacija.mk за бесплатна вакцинација против сезонски грип, досега се пријавени 70.185 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство. Досега се вакцинирани 6.282 лица од ризичните групи население. Вакцинацијата се одвива на 31 пункт низ државата, од кои пет пункта се во Скопје, во поликлиниките Идадија, Битпазар и Ѓорче Петров, во […]

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обратила на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Како што соопшти претседателскиот Кабинет, таа истакнала дека климатските промени не се само прашање на заштита на природата, туку системска […]

Сведокот Крстевски: Перпарим Бајрами го викаше Груби: Шефот


 Со сослушување на сведокот Андреј Крстевски, советник за имплементирање проекти во АД Лотарија,  денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами и уште шест лица. Крстевски, кој бил член на Управниот и Надзорниот одбор на АД […]

Јаневска потрча во СД „Стив Наумов“ да покаже дека студентите живеат во најдобри услови


Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот (фотогалерија)  Со директен увид во студентскиот дом „Стив Наумов“ министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ги отфрли обвинувањата на опозициската партија СДСМ за лоши услови за престој на студентите во […]

ОКТА со силни финансиски резултати во третиот квартал и за деветте месеци од 2026 година


Компанијата ОКТА ги објави резултатите од работењето во третиот квартал годинава и во првите девет месеци од 2026 година. Извештајот за работењето го објавуваме интегрално:   Во текот на третиот квартал од 2026 година, меѓународните пазари на нафта останаа нестабилни, под влијание на долготрајните геополитички тензии и нарушувањата на регионалните и глобалните синџири на снабдување. […]

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари, сега пледира на 22 милијарди


Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега плeдира на 22 милијарди долари, […]

Француски државјанин починал на Клиниката за кардиохирургија во Скопје


Вчера во 10:04 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на Клиниката за кардиохирургија починал Б.Х.Г.В.П.(72) од Франција, а со престој во хостел на подрачјето на Бутел. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој претходниот ден бил донесен во тешка здравствена состојба на Клиниката. По насока на јавен […]

Пензионерската патека на Средно Водно доби едукативно-информативни табли


Познатата рекреативна пензионерска патека на Средно Водно доби нови едукативно-информативни табли, поставени во рамките на кампањата „Твоја патека, твоја иднина“, која шеста година се реализира како дел од платформата „Засади желба“,  во организација на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и трите пензиски друштва: Сава пензиско друштво, КБ Прво пензиско друштво и […]

Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни


Владата ги помага домашните компании на нивниот пат кон технолошки развој и воведување иновативни модели во производствените процеси преку повеќе мерки и активности. Наша стратешка цел е јавната поддршка да ја насочуваме кон мерки кои создаваат долгорочна вредност за компаниите и економијата, да помогнеме домашните компании да бидат посилни, помодерни и подобро подготвени за настап […]

Бугарија пред вториот круг избори: Зошто Јотова губи гласови?


Изборната кампања имаше еден главен ефект: Илијана Јотова изгуби дел од предноста пред Андреј Ѓуров. Таа остана фаворит за победа во првиот круг, со освоени над 40% од гласовите, но поддршката за неа е во надолен тренд наспроти таа на нејзиниот конкурент. Доколку овие трендови се потврдат на изборите во недела, вториот круг би можел […]