Зеленски: Покрај трилатералата, и Европа мора да биде вклучена во преговорите за окончување на војната


Украина очекува во ноември да се одржат трилатерални разговори со учество на претставници на Украина, САД и Русија, но и Европа мора да биде вклучена во дипломатскиот процес и да учествува во донесувањето одлуки за завршување на војната, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според неговите зборови, Украина инсистира европските земји да бидат вклучени во […]

САД потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран


Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран, што е за 25 проценти повеќе од проценките на Министерството за одбрана од јули, објавуваат агенциите информации од Пентагон. Новите податоци за растот на трошоците доаѓаат во време кога републиканците се обидуваат да ги ублажат политичките последици од непопуларната војна пред изборите на […]

Времен режим на патот Кичево – Охрид кај Пресека – Песочан


На автопатот во изградба Кичево – Охрид во делот Пресека – Песочан кај клучката Арбиново од денеска се воведува времен режим на сообраќај поради санација на левиот коловоз. Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е […]

Вавринка ја заврши кариерата


Освојувачот на три Гренд слем титули, 41-годишниот швајцарски тенисер Станислас Вавринка ја заврши својата одлична кариера во вторник со пораз во 1. коло на АТП турнирот во Базел, подобар од него со 7:5, 7:6 (2) беше Чехот Јиржи Лехечка. Во текот на својата 24-годишна кариера, Вавринка освои 16 турнири со 15 порази во финалињата, а […]

Без струја делови од неколку скопски општини


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Гази Баба, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Илинден. Од 08:25 до 11:25 часот без струја ќе бидат улиците Зеничка и Коце Металец, а во периодот од 11:25 до 14:25 часот потрошувачите од ул.Душан Тасковиќ и Тајмиште во општина Гази Баба. Во периодот од 08:30 до 14:00 […]

Трамп: Наскоро официјално ќе ја забраниме употребата на терминот „вештачка интелигенција“


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека наскоро официјално ќе ја забрани употребата на терминот „вештачка интелигенција“ (ВИ) и го повика „Волстрит џурнал“ да престане да го користи тоа име и да почне да го користи терминот што тој го предложи – „суперинтелигенција“. „Кога „Волстрит џурнал“ ќе престане да го користи терминот „вештачка интелигенција“ (ВИ) […]

Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК


Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Преку директен избор со тајно гласање вкупно 187 јавни обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмината пријавени кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласачките места ќе бидат […]

Промоција на новата зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв


Новопоставената маркација на зимската планинарска патека од Попова Шапка до Титов Врв ќе биде промовирана денеска на Попова Шапка во рамки на Славков-проектот „Маркација на планинарски патеки во Северна Македонија“. Проектот е финансиран од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, а го спроведуваат Планинарската федерација на Северна Македонија и организацијата Одржливи авантуристички патувања – Скопје. […]

Одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа


Унапредувањето на безбедноста и здравјето на работните места, грижата за менталното здравје и превенцијата на психосоцијалните ризици ќе бидат во фокусот на настанот по повод Европската недела за безбедност и здравје при работа, што денеска ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Настанот е во организација на Советот за безбедност и здравје при […]

„Анна“ на Нина Николиќ ќе гостува на меѓународен театарски фестивал во Зеница


Театарската претстава „Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, денеска ќе биде изведена на сцената на Босанскиот народен театар во Зеница, во рамки на второто издание на меѓународниот фестивал „Sexual Theatre – Feminist Readings of Classics“. Претставата ќе биде дел од програмата на фестивалот посветен на современите феминистички читања […]

Промоција на мобилната апликација „м.Услуги“ за пристап до електронски услуги и дигитални документи


Министерството за дигитална трансформација денеска ќе ја промовира мобилната апликација „м.Услуги“, наменета за поедноставен пристап на граѓаните до електронските јавни услуги и дигиталните документи преку мобилен телефон. На промоцијата, што ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, ќе бидат претставени функционалностите на апликацијата и можностите што таа ги нуди за полесно користење на дигиталните […]

Хакерски напад во пресрет на изборите во САД. Цел е Федерална изборна комисија


Веб-страницата на американската Федерална изборна комисија (FEC) беше цел на хакерски напад, поради што системот за известување престана да работи, само една недела пред изборите за Конгресот во САД на 3 ноември. Информациите за нападот беа откриени во е-пошта испратена од официјален претставник на комисијата до компаниите кои го следат финансирањето на политичката кампања, а […]

Ниту блокот на Нетанјаху ниту опозицијата немаат мнозинство. Што сега?


Предноста на опозицискиот блок, што ја покажаа анкетите по гласањето по завршувањето на изборите во Израел, исчезна. Според прелиминарните резултати, по пребројувањето на 57,3 проценти од гласачките кутии, блокот партии што го поддржуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху има 55 мандати, опозицискиот блок 49, а арапските партии 16. За мнозинство во Кнесетот се потребни 61 од вкупно […]

Пратениците во Франција не изгласаа продолжување на дополнителниот данок на добивка на големите компании


Француските пратеници тесно го отфрлија, со само два гласа, продолжувањето на корпоративниот данок за големите компании што беше вклучено во буџетот за 2027 година. Сепак, гласањето веројатно нема да има вистинско влијание врз конечната судбина на законот, бидејќи веројатно ќе биде донесен според член 49.3 од францускиот Устав или со извршна уредба, објави „Фигаро“. Тоа […]

Националниот џез оркестар со концерт посветен на Сашко Николовски


Националниот џез оркестар денеска ќе приреди јубилеен концерт посветен на 40-годишната уметничка кариера на тромбонистот, аранжер и композитор Сашко Николовски. Овој концерт, како што посочуваат од Националниот џез оркестар, претставува омаж на една кариера што зад себе остава длабока трага во современата македонска музичка култура. Публиката ќе има можност да слушне избор од авторските композиции […]

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен односно над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, времето ќе биде […]

Дачиќ: Во Белград е извршен терористички напад врз полицаец, ја обезбедувал израелската амбасада


Во Белград синоќа беше извршен терористички напад врз припадник на полицијата кој ја обезбедувал израелската амбасада, а српските власти го подигнаа нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, изјави српскиот министер за внатрешни работи во технички мандат Ивица Дачиќ. Според Дачиќ, напаѓачот кој е малолетник и чиј идентитет се уште не е утврден, […]

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски


Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Наскоро ќе биде организирана средба и мислам дека можеме да постигнеме голем напредок“, им рече Трамп на новинарите, осврнувајќи се на дипломатските напори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина што […]

Болсонаро избегал во САД по поразот на изборите во Бразил


По поразот од актуелниот левичарски претседател Луиз Инасио Лула да Силва на претседателските избори во Бразил одржани во неделата, десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро (45) избега од Бразил во САД, каде што поддршка му пружи неговиот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп, јавно критикувајќи го исходот од изборите. Трамп вчера, еден ден по гласањето во Бразил, изјави […]

Срдановиќ се оградува: Никој од нас никогаш не повика на реваншизам


Новата влада на Србија ќе продолжи со европската интеграција и дијалогот за нормализација на односите со Косово, а договорите склучени од претходната власт ќе ги почитува доколку се во согласност со српските закони и меѓународните правни акти. Ова го најавува Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа, која победи на вонредните парламентарни избори на 25 октомври. […]