Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре, особено попладне и во текот на ноќта, ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Повремен локален дожд се очекува и во […]

Поранешниот сопруг на Хали Бери направи сцена на суд за време на битката за старателство


Поранешниот сопруг на Хали Бери, Оливие Мартинез, предизвика возбуда на вториот ден од судењето за старателство на нивниот син. Францускиот актер ја напушти судницата видливо лут за време на рочиштето, кое беше затворено за јавноста. Тој и неговиот адвокат Патрик Багдасеријанс беа снимени како ја напуштаат судницата во Лос Анџелес вознемирени, пишува Гала. Тензии во […]

МЕПСО бара зголемување на цената на струјата, а другите компаниии – да поскапи парното


Растот на цените на енергенсите на светските пазари ги натера енергетските компании да побараат корекција на тарифите. МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за речиси 98 отсто, додека четирите компании во секторот за топлинска енергија бараат ново поскапување на парното, наведувајќи дека цената на природниот гас во октомври е повисока за […]

Денес е Светски ден на влекачите: Што знаеме за поскокот?


Денешниот Светски ден на влекачите го посветуваме на поскокот (Vipera ammodytes) – една од најшироко распространетите и најпрепознатливи змии кај нас, информираат од Македонското еколошко друштво.   Карактеристичен по ромбовидни шари на грбот и малото рокче на врвот од главата, поскокот најчесто сака да населува суви и каменити предели, каде што живее прикриено од март […]

„Ромалитико“: Има напредок во инклузицијата на Ромите, образованието со најголем напредок


Има напредок во инклузијата на Ромите, но се уште постојат области каде има назадување, покажува извештајот  повторуваат слични препораки во извештаите на Европската комисија во однос на образованието, вработувањето, домувањето и дискриминацијата, покажува Извештајот во сенка што го изготви Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ за периодот март 2025 до март 2026 година.  […]

Путин ослободи 74-годишен Американец од затвор по разговорот со Трамп


Русија го ослободи 74-годишниот Американец Стивен Хабард, кој помина повеќе од четири години во притвор. Неговото ослободување следеше по посетата на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Санкт Петербург, јавуваат руските државни медиуми, а пишува и CNN. Кој е Стивен Хабард? Хабард е пензиониран наставник од Мичиген, а американскиот Стејт департмент официјално го класифицираше како […]

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска со бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг во Полска


 Уште еден голем успех за македонскиот танц на меѓународната сцена: Македонската танчерка Анастасија Палчевска освои трето место и бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, коешто се одржа во Киелце, Полска. „Палчевска го освои третото место во категоријата ‘Битка на сите стилови – јуниори 1 (All Styles Battles Junior 1)’, запишувајќи значаен резултат […]

Пекара во Виена ги „меси“ гласовите на Србите за Александар Вучиќ


  На половина час пешачење од центарот на Виена, се наоѓа српска пекара наречена едноставно „Пекарица“. Таму може да се нарачаат разни видови топли печива и слатки, но тоа не е сè што може да понуди оваа продавница. Ако ја посетите во месецот пред изборите во Србија, можете да чуете еден од муштериите како бара […]

Се воспоставува платформа преку која на едно место ќе се следат сите проекти наменети за младите


Младите во Македонија повторно ќе имаат можност да користат европска младинска картичка со низа поволности и попусти, а Министерството за труд и млади ќе воспостави систем за следење на младинските политики и буџетите што локалните самоуправи ги издвојуваат за младите, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и младиза труд, Ѓоко Велковски. На Регионалниот форум […]

Словачка ги продолжува економските разговори со Русија за прв пат по инвазијата


Москва – Словачките претставници ќе се состанат во Москва следната недела за да разговараат за руските енергетски резерви, продолжувајќи ја соработката прекината по руската инвазија на Украина. Руско-словачката меѓувладина комисија за економска, научна и техничка соработка ќе одржи седница во Москва на 26 октомври, соопшти словачкото Министерство за надворешни работи доцна во вторникот. Тоа ќе […]

БиХ: Веќе 27 години работи во иста фирма – компанијата ѝ подари стан


Многу е поедноставно да се промени работата отколку да се промени станот во кој живееме. Сепак, приказната на Љиљана Бабиќ покажува дека постојат и обратни ситуации. Таа не ја променила работата 27 години, а новиот стан ѝ го дала компанијата за која работи, Лебуриќ-Комерц од Прњавор, БиХ. Љиљана Бабиќ се вработила во Лебуриќ-Комерац кога компанијата […]

Околу 1.800 градови во Бразил се во состојба на подготвеност поради комарци што пренесуваат денга


Околу 1.800 градови во Бразил се наоѓаат во состојба на подготвеност или во зона на ризик поради присуство на комарци од видот Aedes aegypti, кои се преносители на денга, зика и чикунгуња, а прогнозите за потопло лето со пообилни врнежи поради феноменот Ел Нињо дополнително ги зголемуваат грижите за ширењето на овие инсекти, пренесува „ТВ […]

Мицкоски утре на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој ќе се одржи во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија. Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, […]

Папата Лав првпат се појави во јавност по операцијата на рак


Ватикан – Папата Лав денеска се врати на Плоштадот Свети Петар, се поздравуваше со верници и благословуваше бебиња од својот отворен папамобил додека ја одржуваше својата прва општа аудиенција во Ватикан по операцијата на рак на белите дробови пред осум дена. Седумдесет и едногодишниот папа, кој во неделата вети дека постепено ќе ги продолжи своите […]

Општина Бутел воведува комунални редари, 24/7 контроли во две смени


Општина Бутел воведува комунални редари кои ќе бидат присутни на терен во две смени, со службени возила и засилени контроли низ целата општина, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општината Дарко Костовски. -Ќе се санкционираат несовесното фрлање отпад, создавањето диви депонии, уништувањето на општинскиот имот и другите прекршувања на комуналниот ред. Јавниот простор е […]

Пошта трет ден не издава пратки, соопштение нема, а директорот е во Швајцарија


Граѓаните кои треба да подигнат пратка од „Пошта 2“, се враќаат со празни раце. Не може да се подигнат ниту препорачани писма, ниту судска пошта, ниту некои други пратки, освен пратките од Тему, пишува „Слободен печат“. Официјално известување од Пошта за проблемот нема. Но, затоа има соопштение дека токму овие денови, поточно од 19 до […]

Германскиот увоз од Русија падна за 96 отсто од почетокот на инвазијата врз Украина


 Трговијата меѓу Германија и Русија драстично се намали, економските врски се ослабени, а бројот на авионски патници пропадна во изминатите повеќе од четири и пол години од почетокот на инвазијата на Москва врз Украина, покажуваат новите податоци на германската влада. Трговијата речиси целосно запре, при што германскиот увоз од Русија се намали за 96,4 проценти […]

Трамп: Франција е преплавена со мигранти, џихадисти и комунисти


Американскиот претседател, Доналд Трамп, оцени дека лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, е „конзервативниот глас“ на Франција, по насилните протести и немирите што избувнаа на 17 октомври, кои тој ги поврза со имиграцијата. Трамп рече дека верува оти Ле Пен била третирана неправедно, но не ја поддржал експлицитно нејзината кандидатура на претседателските избори […]

НЏЗ на 28 октомври со концерт во НОБ посветен на Сашко Николовски – четири децении музика и инспирација


  На 28 октомври, Националниот џез оркестар ќе приреди јубилеен концерт посветен на 40-годишната уметничка кариера на нашиот драг член, долгогодишен соработник, истакнат тромбонист, аранжер и композитор – Сашко Николовски. Овој концерт претставува омаж на една кариера што зад себе остава длабока трага во современата македонска музичка култура. Публиката ќе има можност да слушне избор […]

Сиљановска разговарала со Алиев за енергетската криза


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес, соопшти кабинетот на претседателката. Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели […]