Наградата за човекови права на ЕП – „Сахаров“ годинава за Меѓународниот кривичен суд


Стразбур – Наградата „Сахаров“ за слобода на мислата, која ја доделува Европскиот парламент, оваа година им е доделена на Меѓународниот кривичен суд и на неговите претставници, соопшти претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, пренесе ДПА.

„Европската унија е изградена врз почитување на мултилатерализмот и меѓународните институции, а оваа награда го вреднува значајниот придонес на Судот во зачувувањето на меѓународното право и правдата“, изјави денеска Мецола.

Веста беше проследена со стоечки овации од страна на пратениците во Европскиот парламент.

Меѓународниот кривичен суд (МКС), со седиште во Хаг, од 2002 година води постапки за најтешките кривични дела, вклучувајќи геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, потсетува германската агенција.

САД неодамна воведоа санкции против МКС и неговиот персонал, заканувајќи се дека ќе ја „растурат“ оваа институција. Тие го обвинија Судот за политичка пристрасност откако  издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради наводни воени злосторства во Појасот Газа, потсетува ДПА.