Виткоф, го нарече Путин „хуманист“ среде смртоносните руски напади врз Украина


Пратеникот на претседателот на САД, Донал Трамп, за мировните преговори меѓу Русија и Украина, Стив Виткоф, го пофали Путин како „хуманист“ додека презентираше мировни предлози. Во меѓувреме, руските сили продолжија со нападите со кои таргетираат цивилни цели во Украина, вклучувајќи јавни места и болници. На средбата со Путин во Санкт Петербург, Виткоф му се заблагодари […]

Предупредување од американскиот Сенат до Вучиќ: „Обезбедете фер и слободни избори“


  Американските сенатори издадоа заедничка изјава пред претстојните парламентарни избори во Србија в недела, 25 октомври. Станува збор за Џин Шахин (демократ од Њу Хемпшир), член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот со највисок ранг меѓу претставниците на малцинствoто, Роџер Викер (републиканец од Мисисипи), претседател на Комитетот за вооружени сили на Сенатот, Дик Дурбан […]

Дурмиши: Младите треба да добијат вистинска шанса за прво вработување


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска учествуваше на форумот „NextGen CareerUp“, што се одржа во Тетово, во организација на Институтот за лидерство и јавни политики (ILPP), со поддршка на Кралството Холандија. На панелот посветен на премостувањето на јазот од образование до вработување, министерот истакна дека создавањето квалитетни можности за младите е еден од […]

Трамп го премина Рубикон, порачуваат од Украина


Претседателот Володимир Зеленски поголемиот дел од изминатите две години ги помина обидувајќи се да го освои Доналд Трамп. Ласкањето, постојаните состаноци и внимателно калибрираните отстапки станаа обележја на неговите односи со претседателот САД. Но, стратегијата не успеа, што го натера Зеленски да го промени курсот и да усвои поконфронтациски тон. „Искрено, Трамп го премина Рубикон“, […]

НЛБ Банка отвори нова експозитура во историскиот објект на Солунската банка во Битола


НЛБ Банка отвори нова експозитура во центарот на Битола, како дел од континуираната трансформација на својата деловна мрежа. Сместена во заштитениот историски објект на Солунската банка од 19-иот век покрај плоштадот Магнолија, новата експозитура е направена со посебна грижа за зачувување на културното наследство, автентичниот карактер и препознатливите архитектонски и декоративни елементи на зградата, соопштија […]

Виенски институт: Економиите на Западен Балкан растат побрзо од членките на ЕУ


  Економиите на Западен Балкан ќе продолжат да растат побрзо од источните членки на Европската унија, и покрај геополитичките неизвесности и енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран, според најновата есенска прогноза на Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Економиите на шесте земји од Западен Балкан треба да постигнат просечен раст од 3,2 проценти во […]

Игор Џамбазов заплови во манекенски води – со Ивана Кнез позира во „страсни“ сцени покрај Дојранско езеро


Само на модната креаторка Ивана Кнез ѝ успеа да го облече шоуменот и актер  Игор Џамбазов во смокинг со бела кошула со манжетни и елегантни чевли за фотосесија на плажа, во кола и во ресторан во Дојран, каде таа самата е модел на својот најнов црвен фустан од тантела. За време на фотосесијата, друштво им […]

Најмладиот милионер има четири години, добил дивиденда од банка, најстариот 97 години, пензионер


Најмладиот милионер во нашата земја има само четири години и минатата година „остварил“ приходи од 3,1 милион денари (или околу 50,4 илјади евра) од дивиденда од една домашна банка. Најстариот милионер во земјава има 97 години и лани остварил приходи од пензија од 1,1 милион денари или околу 17,8 илјади евра. Ова е дел од […]

Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување


Во Институтот за јавно здравје, кој е еден од пунктовите за имунизација против сезонски грип, утрово меѓу граѓаните кои примија вакцина беше и министерот за здравство, Сашо Клековски.   – Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за превенција на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената […]

ДЗС: Потрага по исчезнатото лице крај Вардар во Гостиварско


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активира тимови на терен за пронаоѓање на исчезнато лице, за кое постојат индиции дека е видено кај реката Вардар на подрачје на Гостивар, по официјално барање на Полициската станица (ПС) Гостивар.   На терен, на лице место, заедно со тимовите е и заменикот директор на ДЗС, Кашмир Салиу. Инаку, […]

Постарата ќерка (18) на Никол Кидман позираше за прва насловница за германски Вог


Тинејџерката ќерка на добитничката на Оскар Никол Кидман и кантри пејачот Кит Урбан го имаше своето деби на насловната страница на Vogue. Сандеј Роуз Кидман-Урбан, 18, носеше Луј Витон во зелено, магливо поле за снимање со природна тематика, фотографирано од Себастијан Фаена за ноемвриското издание на Vogue Germany од 2026 година. Сандеј, постарата од двете […]

Полицаец простил казна за пребрзо возење, сега се соочува со кривична


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против К.С. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно […]

НБРМ: Станбените кредити се зголемиле за 16,1% на годишна основа


Кредитирањето во земјава продолжува да расте побрзо од депозитите. Во септември 2026 година, вкупните кредити забележале годишен раст од 14,1%, додека депозитите се зголемиле за 9,2%, покажуваат податоците за монетарните движења на Народна банка на Македонија. Кредитите на корпоративниот сектор во септември се зголемиле за 1,3% на месечно и за 15,7% на годишно ниво. Растот […]

СДСМ ги објаснува врските на Гренел, Мицкоски и лобистичката група „Валкур“


  По веста дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил истрага против неговиот близок соработник Ричард Гренел (порано амбасадор во Германија, па пратеник за Балканот, а и за Венецуела) за јавноста станаа интересни врските на Гренел сегашните македонски власти. Опизициската СДСМ денеска објаснуваше како би можеле да изгледаат тие врски. Премиерот Христијан Мицкоски на неколку пати […]

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за претстојната ЕХФ недела. На списокот на Лазаров се наоѓаат следниве ракометари: Голмани: Мартин Томовски, Васил Гогов, Никола Митревски, Иван Галевски и Марко Кизиќ. Леви бекови: Филип Кузмановски, Димитро Хориха, Павле Атанасијевиќ, Филип Талевски и Емилијан Ѓоргоноски. Средни бекови: Марко Митев, Дамјан […]

Претрес во просториите на Централната банка на Украина и домот на гувернерот


Киев – Украинското национално биро за борба против корупцијата денеска објави дека спроведува претрес во просториите на Централната банка на Украина и во живеалиштето на еден од нејзините вработени. Се додава дека во моментов никој не е приведен и дека деталите за случајот ќе бидат објавени подоцна, објави Укринформ. Истражните дејствија се спроведуваат во согласност […]

Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека до крајот на годинава се очекува да започне процесот на проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња, можеби на нова локација, бидејќи постојниот објект на ЈП „Лајка“ не може да се доградува поради урбанистички ограничувања. Одговарајќи на новинарско прашање, Ѓорѓиевски рече дека во наредните денови јавноста ќе […]

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре, особено попладне и во текот на ноќта, ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Повремен локален дожд се очекува и во […]

Поранешниот сопруг на Хали Бери направи сцена на суд за време на битката за старателство


Поранешниот сопруг на Хали Бери, Оливие Мартинез, предизвика возбуда на вториот ден од судењето за старателство на нивниот син. Францускиот актер ја напушти судницата видливо лут за време на рочиштето, кое беше затворено за јавноста. Тој и неговиот адвокат Патрик Багдасеријанс беа снимени како ја напуштаат судницата во Лос Анџелес вознемирени, пишува Гала. Тензии во […]

МЕПСО бара зголемување на цената на струјата, а другите компаниии – да поскапи парното


Растот на цените на енергенсите на светските пазари ги натера енергетските компании да побараат корекција на тарифите. МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за речиси 98 отсто, додека четирите компании во секторот за топлинска енергија бараат ново поскапување на парното, наведувајќи дека цената на природниот гас во октомври е повисока за […]