Славјанка Петровска објави дека била разрешена од функцијата заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ


 

На денешната координација со пратениците на СДСМ наводно било соопштено дека раководството на партијата донело одлука Славјанка Петровска да биде разрешена од функцијата заменик-координатор на пратеничката група.

За таа одлука Петровска зборуваше во гостувањето на 4ТВ. Таа рече дека не гледа конкретна причина за нејзиното разрешување, бидејќи во досегашната работа не ѝ биле укажани сериозни забелешки.

„Можам да претпоставам дека е тоа затоа што јас во рамките на она што го работам и како пратеник во Собранието, како дел од пратеничката група, не гледам некои забелешки и не ми беше посочено нешто драматично, да речам, заради што би требало да бидам разрешена“, изјави Петровска во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Таа вели дека функциите се минливи и дека не е личност која се врзува за позиции.

„Но, како што реков, функциите се минливи. Научена сум да не се врзувам за нив и секогаш знам дека, како велат, секое лошо за добро е“, рече Петровска.