САД ќе ослободат дизел од резервите за да обезбеди снабдување за потребите за греење


Министерството за енергетика на САД сигнализираше дека има намера да ослободи околу една третина од своите стратешки резерви на дизел за да обезбеди стабилно снабдување за потребите за греење, во услови на пораст на цените поради прекините во снабдувањето во Персискиот Залив и приближувањето на зимата. САД чуваат милион барели дизел, дестилат со ултра ниска […]

(Видео) Силно невреме го погоди Сплит и околината: Патиштата под вода, поројот ги изби шахтите


Силна бура вечерва го погоди Сплит и поширокото подрачје на централна Далмација. Дождовите поплавија бројни патишта, а пороите на некои места избија капаци од шахти. Сообраќајот е многу отежнат, особено во сплитската и солинската област. Невремето го погоди подрачјето на Трогир по 17 часот, а по 18 часот се прошири во Сплит, Солин, Каштел, Подстрана […]

„Гети Имиџис“ поднесе барање за стечај, го унапредува планот за реструктуирање


„Гети Имиџис“, истакната американска компанија за визуелни медиуми и главен добавувач на сток-фотографии, уредувачки фотографии, видео и музика, поднесе барање за стечај по Глава 11 во среда, формализирајќи ги плановите за реструктуирање откриени пред повеќе од една недела, како дел од нивниот притисок кон приватноста. Основана во 1995 година од Марк Гети и Џонатан Клајн, […]

До 30 октомври трае аплицирањето на годишните конкурси за финансирање проекти од културата за 2027


Министерството за култура и туризам потсетува дека се во тек и до 30 октомври 2026, до 15.30 часот, трае пријавувањето  на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година. Пријавувањето е со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: Годишни конкурси за финансирање проекти од […]

Хутите тврдат дека го нападнале саудискиот оперативен центар во Аден


Сана – Јеменските бунтовници Хути денеска нападнаа позиции на Саудиска Арабија во Аден, што се наоѓаат во близина на аеродромот. Тоа е трет напад врз Аден, каде се наоѓа меѓународно признаената јеменска влада, за три недели. – Нашите вооружени сили со балистичка ракета го нападнаа саудискиот оперативен центар во кампот Бадр во Аден, објави портпаролот на […]

Ел Нињо ги соборува сите рекорди: Океанските температури би можеле да се искачат 3,8 степени над просекот


Женева – Временскиот феномен Ел Нињо може да достигне досега невидена јачина, при што температурите на морската површина во тропскиот дел на Тихиот Океан би можеле да достигнат рекордни нивоа – соопшти Светската метеоролошка организација (СМО), а пренесе ДПА. – Температурите на морската површина во овој регион никогаш не биле толку високи во изминатите 40 […]

Марио Драги за студентските протести во Европа: Младите имаат чувство дека никој не ги слуша


Поранешниот италијански премиер и поранешен претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, оцени дека младите луѓе имаат чувство оти никој не ги слуша, коментирајќи ги актуелните протести во Франција, Италија и на други места низ Европа. Според Драги, младите се фрустрирани од перспективите за сопствената иднина, бидејќи социјалната правда кај нив подразбира и меѓугенерациска […]

ЕК со 20,5 милиони евра ќе го поддржи медиумскиот плурализам во Европа


Европската комисија денеска објави три повици за предлози во рамките на програмата „Креативна Европа“ за поддршка на професионалното новинарство и медиумскиот плурализам, зајакнување на отпорноста на медиумите и промовирање на медиумската писменост. За трите повици предвидени се вкупно 20,5 милиони евра. За поддршка на независен европски механизам за брза реакција за следење на кршењата на […]

Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус, не помал од 740,94 евра


Сите вработени во Словенија годинава ќе добијат задолжителен божиќен бонус, кој не може да биде помал од 740,94 евра. Со воведувањето на така наречениот зимски бонус, божиќниот бонус стана задолжителен за сите работодавачи во Словенија. Износот е поврзан со минималната бруто-плата, која во 2026 година изнесува 1.481,88 евра, а зимскиот бонус е утврден на половина […]

Нови песни, познати музички имиња и фестивалска еуфорија: „Макфест“ на 30 и 31 октомври


Штип и годинава ќе биде центар на македонската забавна музика. На 30 и 31 октомври, градот ќе биде домаќин на 41. издание на фестивалот „Макфест“. Повеќе од четири децении фестивалот е место на кое се среќаваат различни музички генерации, се претставуваат нови композиции и се создаваат песни што продолжуваат да живеат и по завршувањето на […]

Макрон ќе ги употреби „сите средства“ за да се спречат инциденти на протестите во сабота


Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска од Доха испрати предупредување до демонстрантите кои ќе протестираат в сабота. – Тие кои сакаат да предизвикаат хаос во градските центри следната сабота ќе бидат спречени да го сторат тоа. Безбедносните сили ќе преземат решителни мерки, наведе Макрон. Тој додаде дека ќе бидат искористени сите расположливи средства за да […]

Кејт Мидлтон, во чест на Оман, носеше нараквица стара 100 години и ретко видена во јавноста


Лондон – За државниот банкет во чест на Оман, одржан во замокот Виндзор, Кејт Мидлтон избра впечатлив, светложолт фустан од дизајнерот Ели Сааб. Иако фустанот беше нов, принцезата од Велс се одлучи за семеен накит (наследен од кралското семејство) за да го заокружи својот изглед. На настанот одржан на 20 октомври, за кој важеше строг […]

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата


Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за оценување на уставноста на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Како што соопшти Судот, иницијативата е отфрлена затоа што оспорената резолуција не содржи правни норми што би можеле да бидат […]

Апсења во грчката кошарка, поради наместени натпревари


Претседателот на кошаркарската федерација на Грција Вангелис Лиолиос е уапсен како дел од полициска акција поради сомневање за подмитување и местење резултати на кошаркарски натпревари во изминатите години, а тој на функцијата е од септември 2021 година. Во акцијата издадени се шест налози за приведување, а меѓу осомничените се и Елијас Коромилас (поранешен судија во […]

Уставниот суд се уште „постапува“ околу кратењето на платите на обвинителите


Уставниот суд активно постапувал по три предмети со кои се оспорени законските одредби за платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители. Од Судот наведуваат дека се преземаат повеќе дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности пред донесување одлука. Оваа реакција следува откако Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство […]

Рама за протестите: Целта е да се дестабилизираат Албанија и други држави во Европа


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека насилството за време на осумдневните протести во земјата било организирано од внатрешни и надворешни фактори со цел да се дестабилизира Албанија, но и други европски држави. Тој најави нов пакет мерки против насилниците, вклучително и регистар на лица на кои би можел да им биде ограничен пристапот до хотели, […]

„Се гледа крајот“: Николоски на увид на автопатот Охрид-Кичево


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Во објава на својот Фејсбук профил тој објави дека автопатот се гради со одлично темпо. -На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид – Кичево. Одличен напредок!  Што би рекол нашиот народ – „Се гледа […]

(Фото) Митески јавно објави несовесна аеродромка која фрла мебел близу контејнер


градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска јавно објави несовесна граѓанка како создава дива депонија. Тој оцени дека не станува збор заГ невнимание, туку за неодговорност! „Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија“, вели Митески во објава на социјалните мрежи.   Воедно посочи […]

До 20 октомври повратот на ДДВ е 517,7 милиони евра, наплатата на даноците со раст од 11,5 отсто


Наплатата на даноците во првите девет месеци од годинава е стабилна и со раст што е во рамки на планираната динамика. Од јануари до септември се наплатени даночни приходи од 1 милијарда и 857 милиони евра, што е зголемување од 11,5% во споредба со истиот период лани. Ова е значаен факт, особено имајќи во предвид […]

ЕУ договори за 300 милиони повеќе дозволи за тргување со емисии со цел заштита на индустријата од пазарни флуктуации


Преговарачите на Европската Унија постигнаа привремен договор со кој се предвидува зголемување на прагот на резервните емисиски дозволи во Системот на ЕУ за тргување со емисии (ЕТС), со цел да се постигне поголема стабилност и предвидливост на цената на јаглеродот, пренесе ДПА. Привремениот договор, постигнат во преговорите меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент, има […]