Се воведува забрана за риболов на крап во Мавровското Eзеро


Со одлука на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, се забранува риболов на крап (Cyprinus carpio) во рекреативната зона „Мавровско Езеро“ до 31.12.2026 година. Забраната е донесена согласно член 84 став (1) точка 1 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на РСМ“ бр. 64/24 и 160/25), по барање на ЈУ Национален парк Маврово […]

Том Круз ќе добие награда за животно дело од Американскиот филмски институт


Лос Анџелес – Американскиот филмски институт (АФИ) ќе му ја додели „Наградата за животно дело“ на Том Круз, соопшти Управниот одбор на Институтот. Наградата ќе биде врачена на свеченост којашто ќе се одржи во Театарот „Долби“ во Лос Анџелес, на 24 април следната 2027 година. – Том Круз е глобална икона!, изјави Кејтлин Кенеди, претседателка на […]

Почна целосна реконструкција на „Радишанска“ и на „Бутелска“


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски споделија дека започнала целосната реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“. „Кога заедно со Дарко Костовски ја баравме довербата од граѓаните, дадовме јасно ветување, дека во текот на мојот мандат, овие две значајни улици во Бутел ќе бидат целосно реконструирани. Денес, за неполна […]

Јаневска во Брисел: Работиме на регионално и глобално поврзување во научно – истражувачката дејност


Направивме многу за да ја раздвижиме научно – истражувачката дејност на национално ниво. Главно постигнување е тоа што од индивидуални иновациски иницијативи, направивме добро организиран национален иновациски екосистем. За краток период двојно го зголемивме буџетот за наука, воспоставивме нова стратешка рамка и подготвивме нови законски решенија, а ја модернизиравме и националната истражувачка инфраструктура. Сега сме […]

Европската филмска академија ја награди палестинската режисерка Хијам Абас за исклучителен творечки опус


Атина – Европската филмска академија соопшти дека наградата „Европско достигнување во светската кинематографија“ ѝ се доделува на актерката и режисерка Хијам Абас од Палестина, како признание за нејзиниот исклучителен творечки опус и уникатниот придонес во филмската уметност. Наградата ќе ѝ биде врачена на 16 јануари 2027 година во Атина, Грција, во рамки на 39. доделување […]

Италија и Шпанија нема да ги продолжат граничните контроли во рамките на Шенген


Италија и Шпанија нема да ја продолжат моментално важечката суспензија на слободното движење во рамките на Шенген зоната, откако министрите за внатрешни работи на двете земји постигнаа договор за ова прашање, објави денеска италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена по телефонскиот разговор меѓу италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози и неговиот шпански […]

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“


По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски – оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата. Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската […]

„Галија“ одбележува 50 години со јубилеен концерт на 28 декември во Филхармонија


Пет децении музика. Пет децении песни што останаа дел од животите на генерации. На 28 декември 2026 година, легендарната Галија доаѓа во Скопје, каде во Македонска филхармонија ќе одржи голем јубилеен концерт по повод 50 години постоење. Скопје ќе биде дел од големото јубилејно патување на еден од најзначајните рок-бендови на овие простори, бенд чија […]

Олигарх многу близок до Виктор Орбан ќе го гради автопатот Букојчани – Кичево


  Покрај фанфарите на пред десетина дена за почетокот на работите на автопатската делница Букојчани – Кичево остана незабележано дека компанијата на блискиот пријател на Виктор Орбан, олигархот Ласло Сиј (68), ќе учествува во изградбата на овој патен правец во Македонија. Конзорциумот на „Штрабаг“ и „Дуна асфалт“ (компанија на Ласло Сиј) го доби меѓународниот тендер […]

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“


 Сведоци предложени од одбраната на судењето против 13 полициски службеници обвинети за непостапување согласно акцискиот план во дискотеката „Пулс“ денеска сведочеа за присуството на полицијата пред и по пожарот во дискотеката. Едниот изјави дека како малолетник ја напуштил дискотеката поради полициска контрола непосредно пред избувнувањето на пожарот, додека другиот рече дека по несреќата видел полициски […]

Поразителен извештај: Во судовите нема ни судии ни службеници


  Додека судството е постојано на тапет од политичарите тоа нема када да ги завршува неопходните задачи. Според годишниот извештај на Судскиот совет за 2025 година има само 65,41 отсто пополнети судиски места и минимални 37,95 отсто од потребната судска администрација. Годишниот извештај на Судскиот совет, доставен до Собранието во април 2026 година, покажува дека […]

Скопјанката за која Митески објави дека создава депонија ќе тужи: „Легално е пријавено и платено во Општината“


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески вчера во објава на Фејсбук сподели фотографија од жена која одложува стар мебел во непосредна близина на контејнери, посочувајќи дека создава нова дива депонија. Притоа, тој оцени дека не станува збор за невнимание, туку за неодговорност. Од друга страна, на социјалните мрежи кружи „скриншот“ од наводен коментар, којшто пак, […]

Неполн месец по вселувањето вода протекува низ ѕидовите на реновираниот СД „Стив Наумов“


По само неполн месец од вселувањето, вода протекува низ ѕидовите во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, објави „Студентарија.мк“. Студенти кои се обратиле до „Студентарија“ рекле дека проблемот го пријавиле уште кога ги забележале првите знаци на влага, но, според нив, не било навремено постапено. Во меѓувреме состојбата се влошила, а водата продрела во собата. Покрај протекувањето, студентите […]

Репортер прекина пренос за да спаси возач од поплавите во Австралија (видео)


 Австралискиот телевизиски репортер Вил Мареј и еден случаен минувач спасија маж од теренско возило коешто почнало да тоне во поплавните води во областа северно од Бризбејн, во сојузната држава Квинсленд. Мареј, новинар на австралискиот јавен сервис „Еј-би-си (ABC), во тој миг известувал за поплавите кога еден маж со своето возило влегол во водата. Автомобилот потоа […]

Никола Груевски пак снимен во елитен ресторан во Будимпешта


  Елитните ресторани во Будимпешта како да се работни простории на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски. По подолго време пак се појави негова фотографија од самопрогонството во Будимпешта, овој пат објавена од донеодамнешниот унгарски пратеник Акош Хадхази на неговиот Фејсбук профил. Хадхази, кој беше независен пратеник во парламентот до изборите овој април, пишува дека Груевски […]

Даблин слави 300 години од „Гуливеровите патувања“ на Џонатан Свифт


Во ноември, Даблин ги поканува посетителите да зачекорат во фантастичниот свет на „Гуливеровите патувања“ за време на фестивалот со којшто се одбележува 300-годишнината од објавувањето на овој познат роман од писателот Џонатан Свифт. Од 18 до 28 ноември, како дел од ирскиот „Фестивал на Џонатан Свифт“, посетителите ќе можат да уживаат во изведби, тури со […]

Скијачка лента пристигна на Пониква, во тек се подготовките за нејзино поставување


На Пониква пристигна скијачка лента (ski carpet), која треба да придонесе за подобрување на условите за зимски спортови и рекреација на оваа планинска туристичка дестинација. Концесионерот „Ски Надја“ информираа дека во тек се подготовките и уредувањето на просторот каде што ќе биде поставена лентата, по што ќе следуваат монтажата и извршување други активности за нејзино […]

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство


По предлог на Основното јавно обвинителство Кочани донесено е решение на И.М., обвинета за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи, информира Јавното обвинителство. Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот. Ива Михаилова заедно […]

Позитива на денот: Професорка им предава на студентите во двор под есенското сонце (видео)


Многу професори имаат завидно знаење, но ретки се оние кои умеат да го пренесат тоа знаење на другите. За тоа е потребно талент, идеја и желба да се поврзете со оние на кои им предавате. И една таква професорка, која преку интерактивност, но и излегување од рамките на класичното и правење предавањата да бидат пред […]

Џуди Денч за губењето на видот: Повеќе не можам да глумам во претстави, да снимам филмови или да читам


Британската актерка Дама Џуди Денч (91) откри дека поради болест на очите не можела да настапува на сцена, да снима филмови или да чита, повеќе од една деценија откако ѝ била дијагностицирана болеста. Во неодамнешно интервју за емисијата „Today“ на BBC Radio 4, таа призна дека нејзината актерска кариера е завршена. „Не можам да бидам […]