Огромни колони на избирачките места во Србија уште во 7 часот
Реовите беа по неколку стотици метри на огромн број места во Србија уште пред отворањето на биралиштата. Големи колони и пре дипломатските претставништва во странство
Неверојатни слики се гледаат од Србија уште шред отворањето на избирачките места на денешните исклучително значајни избори на кои се води голема политичка битка меѓу студентите и Александар Вучиќ.
Видеа пристигнуваат од сите страни на кои се прикажани огромни колони луѓе и по неколку стотици метри уште пред 7 часот на кои се прикажани луѓе како чекаат да се отворат гласачките места.

Според снимките што пристигнуваат од дипломатско-конзуларните претставништва на Србија во странство големи редови има и таму. Бидејќи според одлуката на државната комисија во странство мора да се гласа според времето во Србија, пред конзулатот во Њујорк, во 1 часот по полноќ веќе имаше повеќе стотини лица кои чекаа да се отвори избирачкото место. Во Лос Анѓелес, кој е девет часовни зони подоцна од средноевропското време редови имаше и два часа пред отворањето на изборачкото место. Во странство се гласа на 93 избирачки места во 37 земји.

Студентите ги повикаа граѓаните да излезат на избирачките места уште многу рано, веднаш хога ќе се отворат за да се спречат можни инциденти и притисоци во попладневните часови. На досегашните избори вообичаено беше и поддржувачите на Српската напредна партија да излегуваат изутрина.

Денешните предвремени парламентарни избори се најважниот тест за владеењето на Александар Вучиќ во последните 14 години. Неговиот блок се соочува со својата прва сериозна закана од политичка сила што произлезе од студентските протести по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица во ноември 2024 година.


18 листи се натпреваруваат за 250 места во Народното собрание, од кои девет на малцинствата. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони гласачи, а за влез во парламентот важи праг од три проценти, освен за листите на малцинствата. Гласачките места се отвораат во 7 часот наутро а се затвораат во 20 часот.
За овие избори има рекорден број контролори – дури 16.000 за да се обезбеди регуларност на изборите. Владејачката партија досега имаше добро организирани контролори, а претставниците на Студентската листа исто така добро се организираа и нивни претставници се на секое избирачко место.