Срби од Косово тргнаа на гласање со автобуси и приватни возила
Граѓаните од Косово кои сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори за српскиот Парламент во раните утрински часови во голем број тргнаа кон централна Србија, откако властите во Приштина не дозволија гласање на таа територија.
Србите од Лепосавиќ, Звечани, северниот дел на Косовска Митровица, Зубин Поток, но и од српските области јужно од Ибар, Грачаница, Штрпце и регионот на Косовско Поморавје тргнаа со автобуси и приватни возила, објави ТВ Мост.
Според одлуката на Републичката изборна комисија, гласачите од Косово и Метохија ќе можат да гласаат во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин.
Гласачите од територијата на Косовско-митровичкиот административен округ, општините Лепосавиќ, Звечан, Косовска Митровица и Србица гласаат во Рашка, додека граѓаните од Зубин Поток гласаат во Тутин. Граѓаните од Вучитрн гласаат во Мердар.
Гласачите од Метохија, од Пеќскиот округ, општините Исток, Пеќ, Клина, како и од Призренскиот округ – Призрен, Сува Река, Ораховац, Гора и Опоље исто така гласаат во Тутин.
Право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 6.451.292 гласачи. Избирачките места ќе бидат отворени до 20:00 часот.