МИА на протестите во Париз: „Работиме се повеќе, а имаме се помалку за живот“
На вчерашните протести во Франција приведени се над илјада луѓе, а полицијата се соочила со „исклучително високо ниво на насилство“ од екстремистите облечени во црно, изјавил францускиот министер за внатрешни работи Лоран Њунез.

За разлика од другите градови протестите во Париз, што се одржуваа на повеќе локации воглавно беа мирни. Според податоци на полицијата на протестите во Париз учествувале 110.000 луѓе.

Протестите во Париз завршија околу 19 часот, но и покрај тоа на улиците останаа воглавно млади луѓе, кои и покрај дождот не сакаа да се разотидат. На крајната точка од протестите Порт де Винсен демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства, а полицијата возврати со водени топови.
И покрај полициската акција на местото уште околу два часа останаа групи воглавно млади луѓе, а полицијата употреби пендреци за да ги растера.
И по завршувањето на протестот на улиците на Париз останаа голем број полициски возила. На метростаниците беше видливо зголеменото полициско присуство, а полицајците вршеа претреси претежно на млади луѓе.
-Протестираме поради 10 годишните лоши политики на Макрон, против полициското насилство, поради се помалата вредност на парите. Секодјенвно работиме се повеќе, а сепак не можеме да си дозволиме основни работи за живот. Станарината е многу скапа, животните трошоци се зголемија, а тие не прават ништо за да ни помогнат. Затоа, денеска е крај на се, и ќе гори се – ни изјави еден од демонстрантите.
Во секој случај, по бурниот ден, ноќата помина мирно. Од 22 часот улиците во центарот се затворени, владее полициски час, но по бројните апсења на над 2000 демонстрантни, се очекува неделата да помине мирно.



фото: скриншот, МИА