Братот на претседателката на Кривичен првообвинет за поткуп при даночните контроли на „Пулс“


  Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката „Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми. Драган Паунов – братот на претседателката […]

Израел продолжил со геноцидот во Газа и по прекинот на огнот, според извештај на ОН


Израел продолжил да спроведува геноцид во Газа и по прекинот на огнот во енклавата, договорен во октомври минатата година со посредство на САД, се наведува во денеска објавен извештај на Обединетите нации. Извештајот на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за окупираната палестинска територија, вклучувајќи го Источен Ерусалим и Израел, ги разгледува кршењата на правата […]

Мајкрософт нуди доброволно заминување со отпремнини за околу 60.000 вработени поради инвестиции во ВИ


Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нуди програми за доброволно заминување со отпремнини за околу 60.000 вработени, што чини повеќе од четвртина од нејзината вкупна работна сила на глобално ниво. Технолошката компанија на овој начин настојува да ги намали трошоците и да обезбеди дел од средствата за своите огромни вложувања во вештачката интелигенција. Понудите се наменети за […]

Изложба „Љубовници во пандемија“ од Јана Манева-Чупоска во Венеција


Изложбата „Љубовници во пандемија“ (Pandemic Lovers) на проф. д-р Јана Манева-Чупоска денеска ќе биде отворена во галеријата Venezia Kunst Depot – Arts Space Venice во Венеција. Изложбата претставува авторски ликовен проект во кој интимноста, љубовта, сеќавањето и човечката блискост се истражуваат низ специфичен визуелен јазик, развиен преку цртежот, фигуративниот израз и експресивната линија. Во фокусот […]

Прв солистички концерт на Филип Гечовски во спомен на трагично загинатите Петар, Адам, Марко и Ристе


Младиот гитарист Филип Гечовски вечер од 19 часот во Македонската филхармонија ќе го одржи својот прв солистички концерт. Тој е студент на трета година на Факултетот за музичка уметност во Ниш и со посветеност и усовршување го гради својот уметнички пат и придонесува за афирмација на класичната гитара. Првиот солистички концерт Гечовски им го посветува […]

Граѓани го тужат Трамп, бараат заштита за новинари во Белата куќа


Шест граѓани го тужат американскиот претседател Доналд Трамп со тврдење дека им го одзел правото на информации со тоа што им забранил на претставници на три медиуми да влезат во Белата куќа. Тужбата е поднесена во федералниот окружен суд во Њујорк, а тужителите се повикуваат на Првиот амандман, наведувајќи дека Уставот го штити правото на […]

Дебата за здравствената заштита во казнено-поправните установи во земјава


Канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организира тематска дебата за степенот на обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи во  земјава. Дебатата ќе ја отворат народниот правобранител, Фатон Сељами, и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал. Заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска ќе ги презентира клучните наоди од […]

Американската војска забрани влез на „BYD“ возила во базата на јапонскиот остров Окинава


Американската војска забрани влез на возила на кинескиот производител на електрични автомобили „BYD“ во воздухопловната база „Кадена“ на јапонскиот остров Окинава, оценувајќи дека тие претставуваат „неприфатлив ризик“ за персоналот и воените операции. Забраната стапи во сила оваа недела и се однесува на сите возила на компанијата, вклучително и приватни автомобили, такси-возила и доставни возила, пренесе […]

Бројот на милионерите во Холандија расте поради цените на становите


Околу 547 илјади домаќинства (6,6 проценти) во Холандија имаат средства во вредност од најмалку 1 милион евра, соопшти денеска Централното биро за статистика според податоците за 2025 година. Зголемувањето во споредба со претходната година изнесува 81 илјада. Ова главно се должи на порастот на цените на становите. Просечното домаќинство на милионер располага со средства во […]

Кибер напад ја принуди големата мрежа на болници во Ново Мексико да ги пренасочи пациентите и да ги затвори клиниките


Голем болнички систем во Ново Мексико се обидува денеска да реши проблем со кибер безбедноста,  па поради тоа пренасочени се амбулантните возила кон други болници. Поради кибер напад во моментот американската држава е без оддел соодветен да ги лекува најсериозните случаи. Универзитетскиот здравствен систем во Ново Мексико (UNM Health System) ги повика луѓето да не […]

Судот во Хамбург треба да одлучи дали ќе продолжи судењето за експлозиите на „Северен тек“


Судот во Хамбург денеска треба да донесе одлука дали ќе продолжи судењето на Украинецот обвинет за организирање на нападите врз руските гасоводи „Северен тек“ кон Германија. Одбраната на Серхиј Кузнецов поднесе барање да се запре постапката. Сојузниот обвинител сè уште може да одговори на барањето пред да одлучи судот во северниот германски град Хамбург. Доколку […]

Цените на нафтата намалени за околу еден процент поради дипломатските напори за решавање на конфликтот на Блискиот Исток


Цените на нафтата паднаа за околу еден процент во азиската трговија, бидејќи изгледите за решавање на војната меѓу САД, Израел и Иран ги намалија загриженостите за снабдувањето во услови на разговори во Техеран и покрај обновените напади на хутите врз Саудиска Арабија. Фјучерсите за сурова нафта Брент, европскиот репер, паднаа за еден долар, или 0,86 […]

Документарна изложба „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје“


Документарна изложба насловена „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје“ ќе биде отворена вечер од 19 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“, информираат од Српскиот културно-информативен центар „Спона“ од Скопје. – Документарната изложба е во рамките на истоимениот проект, поддржан од Град Скопје за 2026 година, во областа – поддршка на манифестации и […]

Без вода делови од Чаир и Батинци


Без вода од 9 часот ќе останат корисниците од Батинци, како и делови од Чаир. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради чистење на резервоарот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци, поради исклучување на стара водоводна мрежа со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Чаирска“, „Отокар Кершовани“, „Васил Аџиларски“, „397“, […]

„Македонска крвава свадба“ и „Тетовирање“ во Кинотека по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство


Со промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов од 1967 година, кој е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година, денеска напладне во Кинотека ќе се одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. Филмот беше дигитализиран во 2025 година како дел од проектот […]

Администрација на Трамп подигна ново обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подигна нов случај против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, обвинувајќи го за несоодветно ракување со информации поврзани со националната безбедност, според судски документи. Обвинението било поднесено пред неколку недели, но беше јавно објавено дури вчера, пренесе ДПА. Случајот е фокусиран на наводното откривање класифицирани информации на новинар. Според […]

Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД и ќе доведе до апсење. Објавата доаѓа само една недела пред среднорочните избори во САД. Администрацијата на Трамп презеде агресивен пристап кон контрола на спроведувањето на изборите, вршејќи притисок врз државите да достават податоци за регистрираните гласачи […]

Global Trade & Growth Forum 2026: Поврзување на македонските компании со глобалните пазари


Како македонските компании да станат поконкурентни на меѓународните пазари, подобро да ги искористат стратешките трговски коридори и да изградат посилни глобални партнерства ќе биде во фокусот на првото издание на Global Trade & Growth Forum 2026, што денеска се одржува во Скопје, во организација на Швајцарско-македонската стопанска комора (SwissCham North Macedonia), во стратешко партнерство со […]

Локално примирје меѓу Русија и Украина стапи во сила за да се овозможи хуманитарна операција во градот Олешки


Денеска стапи во сила локално примирје меѓу Русија и Украина за да се олесни хуманитарната операција во градот Олешки кој е окупиран од Москва, соопштија двете завојувани страни во одделни изјави. Руското Министерство за одбрана соопшти го прекинало гранатирањето во правец на украинскиот град Херсон почнувајќи од 4:00 часот наутро по московско време за да […]

Путелас и Кејн добитници на „Златната топка“ за 2026 година


Англискиот репрезентативец и фудбалер на минхенски Баерн Хари Кејн ја доби највисоката индивидуална награда во фудбалот „Златната топка“, а кај жените нагардата и припадна на Алексија Путелас. Кејн е првиот Англичанец по Мајкл Овен, кој во 2001 година ја добива оваа награда. Кејн годинава постигна 61 гол за баерн на 51 натпревар во сите натпреварувања, […]