Нови калистеника зони во Долно и Ново Лисиче


Новата калистеника-зона во Долно Лисиче веќе е поставена, а градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид на локацијата кај спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“ во Ново Лисиче, каде што се поставуваат нови, современи справи за вежбање на отворено. Покрај новите локации, Аеродром веќе го има и својот прв, најсовремен парк за калистеника, […]

Данокот на имот ќе се плаќа електронски, Град Скопје подготвува нова платформа, што со старата?


Град Скопје повторно работи на воспоставување електронски систем за поднесување и плаќање на данокот на имот, кој во иднина би можел да биде интегриран и во националната апликација за дигитални услуги, потврди денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во гостувањето во „Утринско еспресо“ на радио Лидер. Андоновски потсети дека порано постоеше порталот „Скопје.гов.мк“, преку […]

МЕРМС: Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб, договорена соработка за геотермална енергија


Во рамки на меѓународната конференција DIM-ESEE 2026 – Развој и иновации во искористувањето на минералните ресурси во Источна и Југоисточна Европа, која се одржа од 21 до 23 октомври 2026 година во Загреб, Република Хрватска, државниот советник за рударство во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Филип Петровски, учествуваше како презентер и панелист, претставувајќи […]

Синот на Трамп на лов во Казахстан со рускиот олигарх што му ја плати свадбата


Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, отишол на лов во Монголија кон крајот на август, каде што престојувал во камп со олигархот поврзан со Кремљ, Умар Кремлев. „Фајненшл тајмс“ ги утврдил околностите на патувањето врз основа на сведоштва од локални водичи и службеници, податоци за летот, објави на социјалните мрежи и […]

Се затвора „Информер“? Доаѓа формално барање за негова забрана


Независното Здружение на новинари на Србија (NUNS) објави дека денес ќе поднесе иницијатива до Регулаторната управа за електронски медиуми (REM) за одземање на лиценцата за емитување на Информер ТВ, која отворено го поддржува Александар Вучиќ и со години беше негов пропаганден канал и директно ги напаѓаше неговите противници. Иницијативата доаѓа еден ден откако демонстрантите упаднаа […]

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија


  Македонската велосипедска репрезентација оствари одличен настап на Балканското првенство во цикло-крос (CX), одржано во Романија, освојувајќи два медала и уште три пласмани меѓу најдобрите натпреварувачи. Далија Стојановска го освои златниот медал во категоријата У-19, додека Оља Цветанова се закити со бронза во категоријата У-15.   Одличен настап забележаа и останатите членови на репрезентацијата. Марко […]

Амбасадорката на Украина апелира за помош да се стоплат по нападите на енергетската мрежа


Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, повика на поддршка на меѓународната иницијатива #WarmthForUkraine, предупредувајќи на руските напади врз енергетската инфраструктура пред зимата. Една од конкретните потреби е генератор за амбулантата во украинското село Чистопил, на околу 20 километри од фронтовската линија. Во својата објава на X, амбасадорката Дир наведува дека само минатата недела […]

Усвоени измените на Законот за јавните набавки: Цената нема да е единствен критериум


Собранието во рамки на 122. седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидуваат решенија за модернизација на системот на јавни набавки, зголемување на транспарентноста и конкуренцијата, како и поефикасно и поодговорно користење на јавните средства – информираат од Министерството за финансии. Измените произлегуваат од досегашните искуства во примената […]

Поранешна мис на Швајцарија тврди дека Трамп ја силувал во хотел


Поранешната мис на Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во њујоршкиот хотел „Плаза“ во ноември 1993 година, според извештај што демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го објавија вчера. Кеул и претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп за време на истиот […]

Пилотите се уморни, заспивале додека летаат


 Според анкетата на Европската асоцијација на пилоти (ЕЦА), речиси четвртина од пилотите во Европа (24 отсто) признале дека вообичаено продолжуваат да летаат и кога се чувствуваат уморно, додека 16,8 отсто изјавиле дека во такви ситуации отвораат боледување. „Гардијан“ пренесе дека тројца од четворица пилоти доживеале микро сон во пилотската кабина, додека речиси четвртина, и покрај […]

Бројот на новинари во Германија може да се преполови до 2035 година


Бројот на новинари во Германија би можел да се намали за дури 50 отсто до 2035 година, се наведува во нова студија на медиумски експерти. Во студијата изготвена по нарачка на германските јавни радиотелевизии АРД и ЗДФ и радиото „Дојчландрадио“, се посочува дека намалувањето на публиката и приходите на медиумските куќи, во комбинација со подемот […]

Торнадо во Анталија урна контејнер во кој спиеле градежни работници – четворица загинале


Четири градежни работници загинаа, а еден е повреден откако торнадо го погоди турското одморалиште Анталија во текот на ноќта. Информацијата ја потврдија локалните власти во официјално соопштение за инцидентот. Силното невреме предизвика директна штета врз објектите каде што биле сместени работниците во оваа позната туристичка регија. „Во текот на ноќта, торнадо удираше во два контејнери […]

Мајка дала бубрег за своето дете со Алпортов синдорм


Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост. По спроведените потребни медицински испитувања, утврдена е компатибилност меѓу донорот и примателот, а мајката е оценета како соодветен жив дарител. Нејзината одлука му дава […]

Од утре сообраќаен режим на дел од автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот


Привремен режим на сообраќај ќе биде воведен од утре (28 октомври) на автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучката Арбиново. ЈП Македонијапат информира дека привремениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи за санација на левиот коловоз и ќе трае до завршување на санацијата. 

Герасимовски: До крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето […]

Сиљановска-Давкова се сретна со алумни на Харвард: Разговарале за глобалните кризи, демократијата и младите


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група алумни на Универзитетот Харвард, кои престојуваат во земјава во рамки на студиско патување низ Балканот. Во разговорот, гостите ја запознале претседателката со досегашните посети во регионот и со престојот во земјава, во чии рамки се запознале со културно-историски знаменитости и со современите општествени текови. Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, […]

„За пријателите сè е заедничко“: Ученици од Ресен, Пустец и Лемос ќе учествуваат на вторите училишни игри во грчката општина Преспа


 Античката изрека „За пријателите сè е заедничко“ е мотото под кое во четврток и петок ќе се одржат вторите училишни игри Преспа, во организација на грчката општина Преспа, со учество на ученици од Ресен, од грчката општина Лемос и од албански Пустец, кои заедно ќе поминат два дена запознавајќи се со природните и културните вредности […]

Охрид и Алкалоид ги добиваат ривалите за третото коло на ЕХФ Европскиот куп


Две македонски екипи се дел од групата носители на денешното извлекување на двојките за третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Во оваа фаза се наоѓаат 32 екипи од 24 држави, а покрај македонските две екипи, по два тима имаат уште Романија, Србија и Швајцарија, додека Грција и Словенија имаат по три претставници. Во групата носители […]

Братот на претседателката на Кривичен првообвинет за поткуп при даночните контроли на „Пулс“


  Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката „Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми. Драган Паунов – братот на претседателката […]

Израел продолжил со геноцидот во Газа и по прекинот на огнот, според извештај на ОН


Израел продолжил да спроведува геноцид во Газа и по прекинот на огнот во енклавата, договорен во октомври минатата година со посредство на САД, се наведува во денеска објавен извештај на Обединетите нации. Извештајот на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за окупираната палестинска територија, вклучувајќи го Источен Ерусалим и Израел, ги разгледува кршењата на правата […]