Актерката Хејден Панетиер починала од предозирање, но тоа било несреќен случај


Лос Анџелес – Американската полиција ја заврши истрагата за смртта на актерката Хејден Панетиер, која почина на 16 август на 37-годишна возраст, потврдувајќи дека нејзината смрт била несреќен случај.

Токсиколошкиот извештај потврди оти причина за смртта биле токсичните ефекти на „Фентанил“, „4-АНПП“, „Алпразолам“, „Метокарбамол“ и „Кветијапин“. Инаку, и според претходно објавените токсиколошки резултати, актерката починала како последица на комбинација од неколку супстанции. Уште во септември, судскиот лекар утврди дека глумицата починала од предозирање, но полицијата продолжи да ги истражува околностите околу нејзината смрт. Сега е потврдено дека истрагата е официјално затворена и против никого не се поднесени обвиненија. Полицијата во Гринвил, Јужна Каролина, САД, соопшти дека наодите на судскиот лекар и резултатите од истрагата потврдиле оти смртта била случајна.

Истрагата и аутопсијата не открија никакви повреди што би можеле да придонесат за нејзината смрт. 

Глумицата била пронајдена во бесознание во стан во Гринвил, каде што престојувала привремено. Во станот биле присутни нејзиниот партнер, Брајан Хикерсон, и неговиот брат Зек. Според претходните извештаи, Зек ја пронашол во бесознание, по што ги повикале службите за итна помош. И покрај обидите за реанимација, лекарите не успеале да ја спасат.

Околу еден месец по смртта на актерката, нејзиниот поранешен партнер, украинскиот боксер Владимир Кличко поднел барање до Судот, тој да биде назначен за привремен старател на имотот што ѝ припаѓа на нивната малолетна ќерка, Каја. На 8 октомври, Судот го одобри неговото барање и му додели привремено старателство над имотот, овозможувајќи му да го заштити нејзиното наследство. Каја е единствениот наследник на покојната актерка, а одлуката за трајно старателство се очекува да биде донесена во декември.