Зоран Доревски ќе промовира книга за атентатот на Киро Глигоров


По повод 31 годишнината од атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров денес ќе биде промовирана уште една книга чија цел е тој трагичен настан да не падне во заборав и да се даде нова светлина на околностите кои доведоа до него. Станува збор за анализата на Зоран Доревски, во време на атентатот  главен инспектор во […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалскиот натпревар Македонија – Шкотска


Во Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржувањето на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска. Натпреварот од Лигата на нации ќе се одигра со почеток во 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Поради спортскиот настан, СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземе […]

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор за критични минерали


Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го склучи својот прв значаен договор за критични минерали, како дел од пакетот од вкупно пет нови проекти вредни околу 70 милиони долари, изјави за Ројтерс висок американски претставник во фондот, пренесува Хина. Долгоочекуваниот прв договор за критични минерали ќе обезбеди околу 30 милиони долари во „заедничка инвестициска платформа“ […]

Физичарите открија суперпроводник кој ја „крши“ симетријата на времето


Новиот материјал би функционирал во внатрешноста на многу ниска температура како суперпроводник низ кој електроните можат да поминат без отпор, додека на површината би можеле да се појават такви Мајоранини возбудувања, што е интересно поради можните примени во квантното пресметување. Физичарите открија материјал кој може да покаже необично квантно својство: спонтано кршење на математичката симетрија […]

Кога некој поминува низ тежок период, тие се први што ќе му дојдат на помош: Овие три знака имаат големи срца


Не им требаат големи зборови за да покажат колку им е грижа, бидејќи би сакале да го докажат тоа со дела. Овие три хороскопски знаци се особено одликуваат со нивната емпатија, грижа и великодушност, а кога ќе забележат дека некој поминува низ тежок период, ретко само ќе ја свртат главата Постојат луѓе на кои не […]

Нова опрема, услуги и нов кадар во болницата во Кичево, се работи на изградба на новата болница


 Новата болница е наша цел и активно работиме на реализација на овој проект. Но, граѓаните на Кичево и околината не можат да чекаат додека таа се изгради. Затоа, не чекаме болницата ја зајакнуваме уште сега, со нова опрема, нови услуги и нов кадар, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница […]

„Амазон“ вложува над милијарда долари за да го намали влијанието на своите дата-центри врз струјата и водата во САД


Одделот за облак услуги на „Амазон“ денеска соопшти дека во следните пет години ќе инвестира повеќе од една милијарда долари во заедниците во САД каде што компанијата има центри за податоци, ветувајќи дека ќе работи на намалување на нивното влијание врз потрошувачката на електрична енергија и вода. „Амазон веб сервисис“ (AWS) соопшти дека инвестициите објавени […]

ЕИБ обезбедува 100 милиони евра за голема соларна електрана во Романија


Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе обезбеди 100 милиони евра за изградба на соларната електрана „Дама Солар“ во округот Арад, во западна Романија, чија вкупна вредност е проценета на 728 милиони евра. Електраната, која ја развива компанијата „Резолв енерџи“, ќе има капацитет од околу 1,3 гигавати (GWp) и се очекува годишно да произведува електрична енергија доволна […]

Земјите од Г7 ќе интервенираат со 100 милиони барели нафта и дизел


Земјите од Г7 во рок од четири месеци ќе пуштат на пазарот до 100 милиони барели сурова нафта и дизел од своите стратешки резерви, со цел ублажување на пазарните притисоци и намалување на цените на горивата – соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон по видеосостанокот на лидерите на групата. Тој истакна дека мерката ќе се […]

Утре излезете на Бела ноќ


Во сабота /3 октомври/, од 18 до 3 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат. – Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една […]

Истражување на „КУЛТ“: Младите во БиХ сè помалку учествуваат на изборите – само 3,1 отсто имаат доверба во политичките партии


 Недовербата во политичките партии, незадоволството од понудените кандидати и слабиот интерес за политичките случувања се меѓу главните причини поради кои дел од младите во Босна и Херцеговина не учествуваат во изборниот процес. Ова го покажува истражувањето на босанскиот Институт за развој на младите „КУЛТ“, кое бележи континуиран пад на излезноста меѓу младите во последните неколку […]

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер влезе во надзорниот одбор на рускиот огранок на „Глобус“


Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер стана член на надзорниот одбор на руската подружница на германската малопродажна групација „Глобус“ (Globus), соопшти денеска компанијата, пренесе ДПА. Акционерите го именуваа Шредер во надзорниот одбор на 30 септември, потврди за ДПА руската фирма „Хиперглобус“ (Hyperglobus). Поранешниот канцелар ќе учествува во општото управување со компанијата и ќе го предводи нејзиниот […]

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија


Од Министереството за надворешни работи и надворешна трговија потврдија за МИА дека денеска е побарана средба меѓу министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, којашто би се одржала следната недела на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8. Премиерот Христијан Мицкоски претходно на заедничката […]

Во кои земји можете да се купи повеќе храна со минимална плата отколку пред пет години?


Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија во просек за 34 проценти во Европа и Европската Унија помеѓу август 2021 и август 2026 година, според податоците на Евростат анализирани од Euronews Business. Највисоко зголемување е забележано во Унгарија, каде што цените се зголемија за 57 проценти, по што следат Бугарија со 54 и Романија […]

Еурофарм Пелистер е нов лидер во Супер лигата


Екипата на Еурофарм Пелистер е нов лидер во Супер лигата откако попладнево го совлада тимот на Бутел со 34:21 во првиот дуел од 5.коло. Битолчани клучната предност во денешниот натпревар ја направија кон средина на првиот дел кога по 8:7 направија серија од 4-0, која домашниот тим сепак ја намали на полувреме – 14:12. Во […]

Макрон бара координација во Г7 за справување со високите цени на горивата


Франција бара посилна меѓународна координација за справување со високите цени на горивата на глобално ниво, при што претседателот Емануел Макрон разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за „потребата од заедничко дејствување против растот на цените на горивата“, соопшти денеска Елисејската палата, пренесе ДПА. Во соопштението се наведува дека Макрон во телефонскиот разговор нагласил оти земјите […]

Влатко Стефановски вечерва во Кочани со концерт во хуманитарни цели


Концертот на македонскиот гитарист со светско реноме Влатко Стефановски, кој вечерва ќе се одржи во Кочани, во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, ќе има посебна, хуманитарна и длабоко човечка порака. Средствата што Општина Кочани ги издвои за концертот, Влатко Стефановски, според негов избор, ќе ги намени во хуманитарни цели. Гестот на Влатко Стефановски […]

Тиери Анри: Златната топка стана поважна од освојувањето на Лигата на шампионите


  Во минатото, луѓето зборуваа за тоа кој ќе ја освои Лигата на шампионите или првенството, но денес првото прашање е кој ќе ја освои Златната топка. Вака Тиери Анри ја опишува промената во фудбалот, кој верува дека премногу внимание се посветува на индивидуалното признание. Во интервју за RMC Sport, поранешниот француски репрезентативец рече дека […]

PR и комуникациски агенции од над 30 земји во Скопје: AI носи промени, но човечкиот фактор останува клучен


Вештачката интелигенција не го менува само начинот на кој работат комуникациските професионалци, туку и начинот на кој се креираат услуги, се организира работата и се размислува за идниот развој на агенциите. Тоа беше еден од заклучоците од регионалниот самит на PROI Worldwide, кој вчера и денеска се одржа во Скопје, со учество на 52 претставници […]

Истражување на ИСППИ: Хуманата комуникација е најважен концепт за менталното здравје и за превенирање врсничко насилство


 Ако доволно ја развиеме и ја поттикнуваме кај децата хуманата комуникација, ќе успееме да постигнеме ментално здравје зашто таа значи психолошка оттпорност и резилентност на стрес. Се работи за здрава психолошка особина која овозможува да се  справуваме со предизвиците, а кај децата е важна како превенција на врсничкото насилство. Ова  е еден од заклучоците на […]