Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон


 Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е во фаза на тестирање. Нема да биде задолжителна за граѓаните и ќе можат и понатаму да ги користат постојните физички документи. Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни […]

Меџити: Магистралниот пат „Хасан Приштина“, стратешки проект за развојот на Визбегово и побрзо поврзување со Косово


  Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес престојуваа во Визбегово, каде се сретнаа и разговараа со претставници на бизнисите кои работат во оваа зона. Во фокусот на средбата беше транзитниот магистрален пат „Хасан Приштина“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за овој дел од Скопје. Новиот пат, со должина од […]

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола


 Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три се активни а четири се под контрола. Изгаснати се 24 пожари.  Активни се пожарите кај селото Белица во општина Македонски Брод, кај селото Брест во општина Чучер Сандево, и кај селото Алдинци в општините Крушево […]

Шелтон и Зверев во финалето на УС Опен


Њујорк– Американецот Бен Шелтон и Германецот Александер Зверев ќе играат во неделното финалето на УС Опен, последниот грен слем турнир во оваа сезона. Шелтон во полуфиналето рано изутринава го победи сонародникот Франсис Тиафо со 4-6, 6-3, 6-3, 7-5 и се доближи на чекор да стане првиот американски тенисер со грен слем титула по пауза од […]

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади


Ријад– Саудиска Арабија од претпазливост го затвори својот нафтовод Исток-Запад, откако пријави напади врз стратешки важната линија, јави ДПА. Саудиското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека нафтоводот – кој е способен да транспортира нафта од Заливот до Црвеното Море, заобиколувајќи ја ефективно блокираната Ормуска Теснина – бил погоден од дронови што доаѓале од Ирак. […]

Леди Гага во тајност стана мајка на 40 години


Леди Гага стана мајка! Поп-ѕвездата и нејзиниот свршеник Мајкл Полански го добија своето прво дете, а веста ја потврдил извор близок до двојката за „Пипл“. Добитничката на Греми, која има 40 години, со години отворено зборуваше за желбата еден ден да стане мајка. Засега не се објавени полот и името на бебето, ниту други детали за раѓањето. […]

Руски функционер ќе присуствува на самитот на Г20 во САД следната недела


Вашингтон – Руски функционер ќе присуствува на состанокот на групата Г20 во Хјустон во САД следната недела, објави денеска Белата куќа, но не беше прецизирано за кој функционер станува збор. Претходно, рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, присуствуваше на состанокот на министрите на групата земји Г20 во американската држава Северна Каролина. Претходно денеска, говорејќи на Бизнис […]

„Ноќна урбана трка“ одложена за 7 ноември


Поради најавените неповолни временски услови и неможноста настанот да се реализира согласно планираните програмски и технички стандарди, Centar Night Run нема да се одржи на 12 септември. Новиот датум на трката е 7 ноември 2026 година. Сите досегашни пријави автоматски се префрлаат за новиот датум и не е потребно да преземете дополнителни чекори. Доколку новиот […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15 литри на метар квадратен), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час. Минималната […]

Астрономски календар


 Денеска е сабота, 12 септември 2026 година, 255-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 110 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 11 минути, а ќе зајде во 18 часот и 49 минути. Денов трае 12 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина  ќе изгрее во […]

Натпреварите во Холандија ќе бидат прекинати при користење пиротехника


 Фудбалските натпревари во Холандија ќе бидат прекинати во случај навивачите на трибините да употребат пиротехнички средства. Оваа одлука е донесена на денешниот заедничкиот состанок на претставници на Холандската фудбалска асоцијација (KNVB), јавното обвинителство и министерот за безбедност. Одлуката доаѓа по инцидентите што минатиот месец се случија на прволигашкиот дуел меѓу Камбур и Феенорд на кој […]

Британски генералштаб: Русија жртвуваше половина милион војници за 2% од украинската територија


  Од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, Русија претрпе загуби од 1,5 милиони војници, од кои една третина, односно половина милион, загинаа. Ова го изјави пред новинарите маршалот на воздухопловните сили Сер Ричард Најтон, началник на Генералштабот и врховен командант на британските вооружени сили, пренесува Скај њуз. Руските сили претрпеа најголеми […]

Меѓу новите покраински пратеници на АфД има поранешен офицер на Штази, поранешен порно актер, неопагани и неонацисти


  Партијата Алтернатива за Германија (АфД) се соочува со преиспитување на подобноста на некои од нејзините идни пратеници – вклучително и поранешен офицер на Штази и поранешен актер во порнографски филмови – само неколку дена по нејзината историска победа во германската покраина Саксонија-Анхалт. Откако во четвртокот во главниот град на покраината, Магдебург, беа претставени од […]

Што ги подгрева новите тензии меѓу Грција и Турција?


Се чини дека заврши периодот на помирни односи меѓу Грција и Турција, кој започна по земјотресот во Турција во февруари 2023 година и грчката помош што следеше потоа. Двете земји тогаш започнаа процес на зближување што резултираше со потпишување на Атинската декларација за пријателство и добрососедство во декември 2023 година. Сепак, нови тензии предизвика одлуката […]

Македонските одбојкари поразени од Украина на Европското првенство


Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство, откако попладнево загуби од Украина со 3-0 (25-22, 25-22,25-10), во рамки на второто коло од групата Б што се игра во Софија. Приемот на украинскиот сервис не функционираше во македонските редови што му овозможи на противникот веќе во раната фаза од воведниот сет да […]

Кејт Мидлтон ја посети болницата во која се лекуваше од рак


Лондон – Британската принцеза од Велс Кејт Мидлтон денеска ненајавено ја посети болницата „Ројал Марсден“ во која пред две години се лекуваше од рак и ги обиколи пациентите за да слушне на кој начин холистичката нега може да помогне во унапредувањето на закрепнувањето и лекувањето. Таа истакна дека нејзиниот добротворен потфат, во чии рамки за […]

ПМФЛ: Тиквеш и Струга ремизираа, само бод за Шкендија против Арсими


Со идентичен резултат 2-2 завршија двата воведните натпревари од 7. коло во ПМФЛ во кои Тиквеш и Струга ремизираа попладнево во Кавадарци, а Арсими и тетовска Шкендија ги поделија бодовите во Гостивар. Лидерот Шкендија имаше водство од 2-0 по половина час игра на гостувањето против Арсими со головите на Ибраими (18 минута) и Мелиќи (29), […]

Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско првенство


Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови што во организација на ЕУСА се одржува во Тирана. Мицовска во категоријата до 61 килограми забележа четири победи на патот до финалето во кое каратистката на КК „Макптерол“ загуби од претставничката на Турција, Нурбаде Бубер, со 1-3. На чекор до […]

Кој ќе го наследи Галијано на Мет Гала 2027? Се спомнува Ралф Лорен


Њујорк – Бидејќи сега настана незгодна празнина во распоредот на Институтот за костими при музејот „Метрополитен“ (Met Museum) – откако изложбата на Џон Галијано, планирана за следниот мај, беше ненадејно и без церемонија откажана минатата недела – можеби организаторите би можеле да размислат да го поканат Ралф Лорен да го пополни испразнетото место. Можеби Лорен […]

Меџити се прошета низ Чаршијата: Реставрирана калдрмата со травертински камен


Реконструкцијата на Старата скопска чаршија влегува во завршна фаза, а најголемиот дел од работите веќе се реализирани. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека проектот ѝ дава нов лик на Чаршијата, истовремено зачувувајќи го нејзиниот идентитет и традиционален карактер. На површина од 1.567 м², зафатите ја опфаќаат подземната инфраструктура и уредувањето на просторот над неа: водоводната и канализациската […]