„Ноќна урбана трка“ одложена за 7 ноември


Поради најавените неповолни временски услови и неможноста настанот да се реализира согласно планираните програмски и технички стандарди, Centar Night Run нема да се одржи на 12 септември.
Новиот датум на трката е 7 ноември 2026 година.
Сите досегашни пријави автоматски се префрлаат за новиот датум и не е потребно да преземете дополнителни чекори.
Доколку новиот датум не ви одговара, ќе биде овозможена целосна рефундација на уплатените средства.
Барањата за рефундација може да се достават најдоцна до 18 септември 2026 година, а деталите се наведени во е-маил пораката испратена до секој од пријавените учесници.
По истекот на овој рок ќе сметаме дека ја задржувате вашата пријава за Centar Night Run на 7 ноември.
Жалиме за промената и ви благодариме за разбирањето.
Линкот за пријавување е повторно активен