Шелтон и Зверев во финалето на УС Опен
Њујорк– Американецот Бен Шелтон и Германецот Александер Зверев ќе играат во неделното финалето на УС Опен, последниот грен слем турнир во оваа сезона.
Шелтон во полуфиналето рано изутринава го победи сонародникот Франсис Тиафо со 4-6, 6-3, 6-3, 7-5 и се доближи на чекор да стане првиот американски тенисер со грен слем титула по пауза од 23 години.
Шелтон стана петтиот Американец кој стигнал до финалето на УС Опен во 21 век, придружувајќи им се на Пит Сампрас (2001, 2002), Андре Агаси (2002, 2005), Енди Родик (2003, 2006) и Тејлор Фриц (2024).
Последен американски тенисер кој триумфираше во поединечна конкуренција на грен слем турнир беше Енди Родик, кој го крена трофејот на „Флешинг Медоу“ во 2003 година.
Претходно, Зверев во првото полуфинале го совлада Русинот Карен Хачанов со 6-3, 7-6(7), 7-6(6).
За првиот носител Зверев ова е второ финале во Њујорк, откако загуби во дуелот за титулата од Доминик Тим во 2020 година.