ПМФЛ: Тиквеш и Струга ремизираа, само бод за Шкендија против Арсими
Со идентичен резултат 2-2 завршија двата воведните натпревари од 7. коло во ПМФЛ во кои Тиквеш и Струга ремизираа попладнево во Кавадарци, а Арсими и тетовска Шкендија ги поделија бодовите во Гостивар.
Лидерот Шкендија имаше водство од 2-0 по половина час игра на гостувањето против Арсими со головите на Ибраими (18 минута) и Мелиќи (29), но домаќините до крајот на полувремето ја преполовија негативата со погодокот на Контрерас (45+1), а истиот фудбалер во 80. минута го постави конечниот резултат.
На дербито во Кавадарци, фудбалерите на Струга дојдоа со пресврт дојдоа до предност на полувремето со головите на Агамах (18) и Радески (43), откако Лусиањино му донесе водство на Тиквеш во 12. минута.
Гостинскиот тим ја одржуваше предноста до завршницата, кога Ренатињо во 87. минута му донесе бод на домашниот тим.
Шкендија остана на лидер на табелата со 16 бодови, два повеќе од второпласираната Струга, а три повеќе од Тиквеш на третото место. Арсими остана шестопласиран со осум бодови.
Утре на програмата е дуелот меѓу Башкими и Вардар, додека Силекс в недела ја пречекува Брегалница, а колото ќе биде комплетирано в понеделник кога Скопје му гостува на Шкендија Арачиново.