Центрите за податоци стануваат растечки извор на загадување со „вечни хемикалии“


Центрите за податоци, неопходни за функционирање на вештачката интелигенција и дигиталните услуги, го зафаќаат не само виртуелниот простор, туку и реалниот физички свет, каде што стануваат растечки извор на загадување. Покрај емисиите на штетни гасови и повремените испуштања на отпадни води, нивната работа придонесува и за ширење на таканаречените „вечни хемикалии“, синтетички супстанции кои никогаш […]

Гневни реакции во Косово за пресудата во Хаг: „Казната мора да се промени“


  Политичарите и јавноста во Приштина остро реагираа на првостепените пресуди што денес ги изрече судот во Хаг за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово. Поранешни членови на ОВК ги нарекоа пресудите „срамни“, предупредувајќи дека тоа може да „го наруши мирот во регионот“. Премиерот на Косово, Албин Курти, денес изјави дека пресудата против четворица […]

ЕУ ќе им ги скрати крилјата на техно-царевите: Децата до 13 години нема да имаат пристап до социјалните мрежи


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека ЕУ ќе воведе забрана  за користење на социјалните мрежи за деца под 13-годишна возраст и воведување „мини-сметки“ само за оние на возраст од 13 до 15 години, кои ќе бидат под родителски надзор и ќе имаат ограничени функции. „Демократијата подразбира да им се даде на […]

ВЛЕН: ОВК се бореше за слобода, пресудата е неправедна


Владејачката ВЛЕН ја оцени како неправедна и неприфатлива пресудата на Специјализираниот совет на Косово во Хаг против четворицата ексводачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Според ВЛЕН, казните што денеска им беа изречени на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели, и Реџеп Селими – се високи и неприфатливи. „По долг и оспоруван процес, четворицата истакнати […]

Малолетници нападнати и ограбени во Горно Лисиче


Синоќа околу 22:20 часот во СВР Скопје, Д.Б.(49) од Скопје пријавил дека во населба Горно Лисиче, неговиот малолетен син и негови другари биле нападнати од неколку други малолетници. Како што се наведува во полицискиот билтен, при нападот, еден од нив, кој го познавале, со употреба на остар предмет од неговиот син одзел чанта со паричник, мобилен телефон […]

Во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“ собрани три тони отпад


Во координирана заедничка акција со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, екипи на Општина Кисела Вода денес спроведоа темелно чистење и уредување на булеварот „Борис Трајковски“. Активноста се реализираше преку Секторот за месна самоуправа при Општина Кисела Вода, при што се расчистуваше потегот од крстосницата со улицата „Народни херои“ сè до влезот во […]

Што ќе значи за Македонија асоцијативното членство на Канада?


Додека Македонија со години дебатира дали ќе се распадне Европската унија и ќе има ли воопшто нови проширувања, ЕУ оди напред. На општо изненадување, денес од Европскиот парламент претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повлече историски потег – ѝ понуди статус асоцијативна членка на Канада. Некои медиуми најавуваат дека е можно тој чекор […]

За Али Ахмети пресудата за лидерите на ОВК е „неправедна“


  Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е резигниран од денешните пресуди на судот во Хаг за четворица високи членови на ОВК, вклучувајќи го и нејзиниот лидер, поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи. Ахмети ја оцени денешната пресуда за Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими како неправедна и длабоко разочарувачка, повикувајќи во овие, како […]

Трамп ја укинува воената помош за Македонија и ја испраќа во Јужна Америка


  Изгледа други се во периметарот на Доналд Трамп, а не Македонија. Неколку јужноамерикански земји се во периметарот на Белата куќа и таму ќе се пренасочат 52 милиони долари воена помош првично наменета за Македонија, Словачка, Тунис и Ирак. Стејт департментот го извести Конгресот на САД за својата намера да пренасочи 52 милиони долари кон […]

ФЕД денес се очекува да ги зголеми каматните стапки, прв пат од 2023 година


Се очекува американската централна банка денес да ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2023 година, додека се обидува да се справи со обновеното забрзување на инфлацијата предизвикано од високите цени на енергијата и војната на Блискиот Исток. Пазарите очекуваат Федералните резерви да ја зголемат својата клучна каматна стапка за 0,25 процентни поени, од […]

Уште еден евроскептик во посета на Бугарија, чешкиот премиер Бабиш


  Бугарскиот премиер Румен Радев и неговиот чешки колега Андреј Бабиш отворија заеднички фронт во ЕУ против „влевањето пари и оружје“ во војната во Украина. Овој став е само последица, откако Радев пречека во Софија и уште еден деклариран евроскептичен лидер – премиерот на Словачка, Роберт Фицо. Пораките од средбата со Бабиш беа во насока […]

Скринингот заврши пред 32 месеци, време е за реформи, вели Институтот за демократија


  Институтот за демократија „Социетас Цивилис” бара од македонските власти да се посветат на реформите откако скрининг процесот на ЕУ заврши пред две и пол години. Македонија преку скринингот кој започна во 2022 и заврши во декември 2023 доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската унија. […]

МОН не ги крие бодовите за место во студентски, само не прима студенти кои 8 години студираат


Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата дека Министерството ги крие бодовите и резултатите за приемот во студентските домови. – Жалосно е што во јавноста се шират дезинформации или таканаречени лажни вести. Апсолутно тврдам, ранг-листите се објавени на примените, но објавена е и ранг-листа на непримените со објаснување зошто не се примени. […]

Ефикасната даночна политика е клучна за намалување на неформалната економија и унапредување на даночната правичност


Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошник-директорите учествуваше на меѓународната академска конференција на тема „Даночна политика, нееднаквост и неформална економија“, која во периодот од 11 до 13 септември се одржа во Охрид. Конференцијата се реализира во рамките на проектот „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и неформалната економија во […]

Андоновски: Иднината на дигиталните финансии е можна само со соработка, отворен дијалог и премин од идеи кон конкретни решенија


Иднината на дигиталните финансии нема да ја изградат ниту државата сама, ниту банките, ниту технолошкиот сектор. Потребни се соработка, отворен дијалог и, најважно, премин од идеи кон конкретни решенија – рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Finelevate Digital Summit 2026. На самитот присуствуваа претставници на институции, финансискиот сектор, технолошки компании и стартапи, […]

(Видео) Нереди во Хаг и во Приштина по пресудата за Тачи: Скокаа врз полициски возила, користени водени топови


Бројни Косовци предизвикаа немири пред зградата на Специјалниот совети на Косово во холандскиот град Хаг по пресудата против поранешниот претседател на Косово и воен командант на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, и неговите соработници. Како што може да се види на видеото, неколку демонстранти кршеа полициски возила. Двајцата се качија на полициско возило и […]

Истражување: Гренланд и Антарктикот од 1979 година изгубиле повеќе од 12 трилиони тони мраз


Вашингтон – Гренланд и Антарктикот изгубиле повеќе од 12 трилиони тони мраз од 1979 година, покажува новата студија заснована на сателитски податоци. Според истражувањето објавено во списанието „Scientifik data“, пренесено од американските медиуми, вкупното топење изнесувало околу 12,5 милијарди тони мраз, или 11,3 милијарди метрички тони. Околу пет шестини од загубата на мраз не се должи […]

Ќе се воведува еднонасочен сообраќај во Мичурин и во Стар Аеродром


Општина Аеродром отпочна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, со поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки. Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на […]

ДКСК отвори предмет за судир на интереси за Никола Мицевски кој бил член на комисија и  учествувал во програмата за Денот на независноста


Заменик-претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Бесник Џемаили, денеска изјави дека ДКСК отворила предмет за судир на интереси поврзан со лице, кое, како што рече, се споменува во јавноста дека бил член на комисијата за одлучување, а воедно учествувал во програмата за одбележување на Денот на независноста. Џемаили потврди дека ДКСК нема […]

Силна поддршка од европските партнери за унапредување на условите за настава и спорт


Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел е едно од 30 училишта во државава што добиваат квалитетни услови за настава по физичко и здравствено образование и за спортски тренинзи преку проектот за рехабилитација на објекти за физичко образование и набавка на спортска опрема во основните и средните училишта, кофинансиран од Министерството за образование и наука, […]