Почина Ратко Младиќ


Осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, кој беше врховен командант на Војската на Република Српска, почина денес на 85-годишна возраст во затвор во Хаг, објавија српските медиуми. Младиќ беше болен со години, а во последните недели семејството и властите на Србија и Босна и Херцеговина упорно се обидуваа да го преместат во Белград, каде што ќе […]

Костадиновски возврати со домашен „фолклор“ на бруката од Стразбур


  Претседателот на Уставниот суд на Македонија, Дарко Костадиновски – место да одговори зошто седум дена молчел за одлуката на Стразбур да ни ја врати по третпат листата за судија во Судот за човекови права-  започна домашна кавга, продавајки ни фолклор место отчетност. Откако се стави во ситуација да исполнува желби на премиерот, Костадиновски го […]

Хрватската асоцијација на работодавачите бара укинување на контролата на цените на храната


Хрватската асоцијација на работодавачите (ХУП) упати барање до владата во Загреб за укинување на одлуката за замрзнување и контрола на цените на основните прехранбени производи – пренесува порталот „Индекс“. Потпретседателот на Трговската асоцијација при ХУП, Мирко Будимир, во интервју за телевизијата РТЛ посочи дека пазарните аномалии се надминати и дека административните ограничувања повеќе ги немаат […]

Продолжува негативниот прираст – 1.005 помалку родени од умрени во второто тримесечје


Во второто тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 3.684 и е намален за 3,0 % – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.    Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2026 година бележи намалување од 0,6 % во споредба со истото тримесечје […]

Пленковиќ: Хрватска е меѓу четирите земји членки на ЕУ со непрекинат раст на БДП од 2021 година


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека Хрватска е една од четирите земји членки на Европската Унија која во изминатите 5,5 години има непрекинат тренд на економски раст. Ова е 22. квартал по ред на раст на бруто-домашниот производ и покрај глобалните околности, кои значително се променија, вклучувајќи ги руската агресија врз Украина и војната […]

Дигитализирано запишувањето на додипломски студии – законска обврска за студентите


Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за дигитална трансформација, воведе целосно дигитализирано прибирање на податоците за запишаните студенти на додипломски студии преку новиот електронски образец ВОИ.20. Почнувајќи од академската 2025/2026 година, хартиените обрасци се целосно исклучени, а сите активни студенти имаат обврска статистичкиот образец  да го  пополнат и да го достават по електронски […]

Засилени надзори од ДПИ за спроведување на мерката „училиштна кошничка“ – глобите се до 10.000 евра


Државниот пазарен инспекторат на терен ги контролира правните субјекти, трговците дали се придржуваат до одредбите на одлуката на Владата со која ги задолжи да ги намалат цените на училишниот прибор најмалку за 10% во трговија на големо и најмалку за 15% во трговија на мало, а која ќе се применува од 25.08.2026 година до 30.09.2026 […]

Мицкоски ја обвини опозицијата дека не ја сака Македонија


  Употребувајќи ги своите познати флоскули за Фројд премиерот Христијан Мицкоски денеска ја обвини опозицијата дека не ја сака Македонија затоа што е против изградбата на дата центри. Тој рече дека нема да отстапи „ни милиметар“ од плановите за дата центи и дека во моментов се преговара со 5-6 потенцијални инвеститори, од кои една е […]

Ратко Младиќ останува во затвор


Хаг – Претседателката на Механизмот за меѓународни кривични трибунали, Грасиела Гати Сантана, го отфрли барањето на одбраната на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, за негово предвремено ослободување од хуманитарни причини, објави Радио Слободна Европа. Одбраната на Младиќ на 18 август побара тој да биде ослободен и префрлен во болница или установа за палијативна […]

Утврдени новите состави на одборите за државните награди „Мајка Тереза“, „22 Ноември“ и „Свети Климент Охридски“


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната 53. седница ги утврди предлог-одлуките за разрешување и именување претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди „Мајка Тереза“, „22 Ноември“ и „Свети Климент Охридски“. За претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ е предложен академик Витомир Митевски. За членови […]

Ален Рустемовски со бронза во Таранто, Македонија поднесе жалба за судењето


Македонската делегација на Медитеранските игри во Таранто официјално поднесе жалба за судиската одлука на полуфиналната борба на Ален Рустемовски против Шпанецот Марин Ернандез во категоријата до 60 килограми. Жалбата е официјално примена од Светската боксерска асоцијација и ќе биде разгледана, но конечниот пласман на Рустемовски засега останува непроменет.   Рустемовски не успеа да се пласира […]

Ќе се продаваат ли апартмани во објекти изградени како хотели во Гази Баба?


NНа урбанистичка измама предупредува советник од редовите на СДСМ во Гази Баба, од која општината би загубила дури 23,5 милиони евра. Имено, тој тврди дека дел од издрадениот простор зад „Нст Гејт“, наменет за хотел, се продава како апартмани.  Ќе побараме одговори за Нацрт-ДУП ЦС 09 кај „Ист Гејт“. Станува збор за околу 141.000 квадратни […]

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24 часот на територијата со која стопанисува јавното претпријатие. Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен […]

„Рапид билд“ ќе го гради гасоводот со Србија


Компанијата „Рапид билд“ со 29,4 милиони евра ќе го гради македонскиот дел од интерконективниот гасовод со Србија во должина од 22,4 километри, со дијаметар од 500 милиметри. Рокот за изградба на кој се обврза денеска „Рапид билд“ е четвртиот квартал од 2028 година.  Договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод Македонија – Србија го […]

Дурмиши: Отворени сме за нова формула за минималната плата, од исполнетите реформи се очекуваат 20 милиони евра од ЕУ


Владата и Министерството за економија и труд се отворени за дијалог со социјалните партнери за промена на формулата за усогласување на минималната плата, пресметка според медијалната плата, и за нови колективни договори, но сите решенија мора да се носат врз основа на реални економски параметри – порача денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши […]

Набљудување на делумно затемнување на Месечината од Кале


Утре, рано наутро, Скопското астрономско друштво ве кани на Кале за набљудување на делумното затемнување на Месечината.   „Скопското астрономско друштво утре, 28 август, ќе биде на паркингот пред Кале со телескоп и двоглед. Ќе бидеме таму од 04:30 до 06:00 часот. Доколку сакате да ни правите друштво, повелете, добредојдени сте да станете малку порано […]

Автобусите на ЈСП од 1 септември сообраќаат по зимски возен ред


ЈСП Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од 1 септември 2026 година, ќе започне примената на зимскиот возен ред на јавниот градски превоз.   Корисниците на јавниот превоз се известуваат навреме да се информираат за возните редови на линиите кои ги користат.   Актуелните возни редови може да се погледнат на официјалната […]

Заврши сагата „Лајвли – Балдони“: Глумицата доби само 400.000 долари за правни трошоци


Лос Анџелес – Судот во САД вчера ѝ додели на Блејк Лајвли нешто повеќе од 400.000 американски долари за адвокатски трошоци во нејзиниот спор со колегата-глумец и режисер од „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), Џастин Балдони – многу помалку од над осумте милиони долари што таа ги бараше. Лајвли и Балдони ја […]

Со 7 милиони денари ќе им се помага на преработувачите за поголема конкурентност


Министерството за економија и труд објави два нови јавни повици со вкупна финансиска поддршка од 7 милиони денари, наменети за унапредување на конкурентноста на домашните компании од преработувачката индустрија. Со јавните повици се обезбедува конкретна поддршка во две значајни области – зајакнување на соработката меѓу компаниите и универзитетите преку заеднички проекти, како и воведување, имплементација […]

Русија издаде потерница за германски новинар поради прашање поставено на Зеленски


  Русија издаде потерница по новинарот Михаел Мартенс од германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, објавија ТАСС и ДПА. Суд во руската престолнина Москва издаде потерница по дописникот на весникот за Балканот под обвинение за „поттикнување омраза и непријателство“, објави ТАСС. Новинарот беше ставен на листата на барани лица од страна на руското Министерство за […]