Пленковиќ: Хрватска е меѓу четирите земји членки на ЕУ со непрекинат раст на БДП од 2021 година
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека Хрватска е една од четирите земји членки на Европската Унија која во изминатите 5,5 години има непрекинат тренд на економски раст.
Ова е 22. квартал по ред на раст на бруто-домашниот производ и покрај глобалните околности, кои значително се променија, вклучувајќи ги руската агресија врз Украина и војната на Блискиот Исток, што имаше последици врз цените на енергијата во целиот свет, Европа и Хрватска – истакна Пленковиќ коментирајќи го денешното соопштение на Централниот завод за статистика, според кое хрватскиот БДП се зголемил за 1,7 процент во вториот квартал од годината.
Тој додаде дека од почетокот на 2021 година само Хрватска, Белгија, Бугарија и Кипар имаат непрекинат тренд на раст.