Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД


Оваа година, матурантите кои учат во скопските средни училишта испитите од државната матура ќе ги полагаат во амфитеатри и предавалници на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова се прави за да се намалат препишувањата, кои секоја година се евидентираат во голем број. Информацијата дека за прв пат годинава ќе се организира на УКИМ, […]

Дефект на уредите на „Apple“: Велиш „расист“, се појавува Трамп


Аpple поправа грешка на уредите која се појавива при функцијата за гласовоно пребарување. Кога корисниците ќе го пребараат зборот „расист“, на екранот како резултат се појавува Доналд Трамп, пишува Асошиејтед Прес.  Главната причина за проблемот е грешка во гласовниот механизам на iPhone. „Свесни сме за проблем со моделот за препознавање говор напојуван со апликацијата Dictate и […]

Падна системот за платен промет во евра во цела ЕУ


Брисел – Платниот промет во евра во ЕУ во моментов се оневозможени поради технички проблеми во системот, кој обработува трансакции во вредност од 1,9 трилиони евра дневно. Европската централна банка објави дека прекинот влијаел на каналите за комуникација на нејзината паневропска платформа „ТАРГЕТ 2 Секјуритс“ (TARGET 2 Securities). ЕЦБ наведува дека услугата Т2, клучен дел од […]

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот


Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму. Ние ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот, рече попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање. За годинава, напомена, имаме не помалку од 15 инвестиции, но бројот […]

Европскиот пазар на храна се соочува со големи промени


Пред неколку дена, ЕК ја претстави новата визија за европскиот земјоделско-прехранбен сектор до 2040 година, со што ја тонираше претходната амбициозна политика за животната средина, која, како што коментираат медиумите, е одговор на се поголемите протести на земјоделците. Овојпат фокусот е ставен на поедноставување на регулативата и претворање на земјоделството во атрактивна професија, наместо да […]

Смртна казна за партизанката


Да не беше трагично и значајно, работата ќе беше бизарна. Имено, откако Зоран Милановиќ конечно најде храброст, во ситуација кога тоа веќе не можеше политички да му наштети, а во духот на неговата визија за сехрватското помирување на Туѓман, на претседателската инаугурација ја покани Вјера Андријиќ, веројатно последната жива партизанка, почна лавина. Ја лансираше еден […]

Чешките заедно со словачките и австриските земјоделци, ги блокираа граничните премини


Чешките земјоделци со стотици трактори и комбајни денеска два часа ги блокираа граничните премини, каде што се сретнаа со земјоделците од соседните земји во знак на протест против увозот на земјоделски производи од земјите надвор од Европската унија, пред се од Јужна Америка и Украина, но и од САД. На граничниот премин Ходонин, земјоделците од […]

Комисијата за здравство ќе организира надзорна расправа за аерозагадувањето


 Собраниската Комисија за здравство на денешната седница едногласно донесе одлука за одржување на надзорна расправа на тема: „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. До понеделник, 3 март пратениците до претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи треба да испратат предлози […]

Деветтото електрично возило за чистење на „Брако“ излезе на пазарот


Четириесет продавачи на возилата за чистење на БРАКО од целиот свет денеска во кругот на фабриката во Велес го тестираа новото електрично возило за чистење Грин Машинс кое влегува на пазарот, откако доби меѓународна сертификација од ТУВ Германија. Грин Машинс 720 ZE e целосно нова машина развиена во последните две години во БРАКО во Велес, […]

Возниот ред останува непроменет – односно неточен


Советот на Град Скопје денеска не ја прифати Предлог-одлуката за измена на линиски превоз на патници.  Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Драги Кушевски пред советниците појасни дека оваа измена на линискиот превоз е направена согласно фактичката состојба и дека отстапувањата од возниот ред ќе се намалат за 70 до 80 проценти. –  Со возниот ред […]

Колкаво богатство остави зад себе Џин Хекман?


Трае полициската истрага во врска со смртта на филмската легенда Џин Хекман кој беше пронајден мртов во својот дом во градот Санта Фе во американската сојузна држава Ново Мексико, заедно со неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава. И нивното куче било пронајдено мртво. Полицијата во округот Санта Фе вчера попладне ги откри телата на двократниот оскаровец […]

УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов


Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира врнежи од дожд кои утре и во деновите од викендот наместа ќе бидат повремено поројни. – Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места, претежно во северните и североисточните делови, врнежите ќе бидат повремено од снег, соопшти УХМР. Повремен локален дожд се очекува денеска попладне […]

Мицкоски како Кисинџер, држи лекции како се постигнува мир во Украина


  Премиерот Христијан Мицкоски денес ѝ држеше лекции на екс-министерката Славјанка Петровска како се постигнува мир во Украина, а во контекст на негласањето на Македонија за резолуцијата која повикуваше на тоа со почитување на територијалниот интегритет на земјата. „Гледам дека сите во светот зборуваат за мир во Украина. Ако зборуваме за мир во Украина, тогаш […]

Застрелан 11-годишник во Ротердам. Уапсени шест малолетници, најмладиот има 12 години


Полицијатаво холандскиот град Ротердам оваа недела уапси шест малолетници, откако 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера холандската полиција, а пренесува Телеграф. Според холандските медиуми, апсењата се извршени во последните три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и […]

Трамп: Царините за Канада и Мексико почнуваат од 4 март, плус нови 10 отсто за Кина


  Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот рече дека неговите предложени тарифи за Мексико и Канада ќе стапат на сила на 4 март, а на Кина ќе ѝ се наплаќаат дополнителни 10 отсто на истиот датум. Огромните царини од 25 отсто за увоз од Мексико и Канада беа паузирани на 3 февруари на еден месец. […]

САД ги одложија санкциите за српската нафтена индустрија за 30 дена, веднаш се пофали Вучиќ


Соединетите Американски Држави (САД) ја одложија примената на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за уште 30 дена, кои се дел од пакетот санкции на Вашингтон наметнати на рускиот енергетски сектор чиј дел е и НИС, беше соопштено денеска во Белград на денот на стапување на сила на рестриктивните мерки. Претседателот Александар Вучиќ објави […]

Распитот на Сашо Дранго за отепаната мечка се држи во строга тајност


  БИТОЛА – Имало или немало распит во Обвинителството на државниот функционер Сашо Дранго за фотографијата со отепаната мечката? Ова е прашањето кое се наметнува откако пред два месеци јавноста се разбранува по обелоденувањето на фотографија на заменик-директорот на „Македонијапат“ со мртва мечка и оружје в раце, што ја објави Здружението за заштита на животните […]

Ди Каприо стана амбасадор на „Ролекс“


Долгогодишното усогласување на Rolex со киното се протега на неговото спонзорство на наградите Оскар од 2017 година и неговиот статус како поддржувач наAcademy Museum of Motion Pictures – а сега брендот за луксузни часовници го пречека Леонардо ди Каприо во семејството на Rolex. Оскаровецот во вторникот беше прогласен за најновиот Rolex „Testimonee“, ознаката на брендот […]

Македонија барала од ЕУ да увезе отпад


Македонија е меѓу 24 земји што  ја информирале Европската комисија (ЕК) дека сакаат да прифатат отпадни материјали, објави Дојче веле. Од земјите од регионот, коишто не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), заинтересирани за увоз на неопасен отпад од ЕУ се само Србија и Босна и Херцеговина. Македонија бара да увезува […]

Вработените во УСАИД добиле само 15 минути да ги расчистат своите работни бироа


  Илјадници работници на американската Агенција за меѓународен развој, кои беа отпуштени или ставени на одмор како дел од расклопувањето на агенцијата од страна на администрацијата на Трамп, добиваат краток прозорец во четврток и петок за да го расчистат својот работен простор. УСАИД постави 4.080 вработени кои работат низ целиот свет на одмор во понеделник. […]