Според Мицкоски, ДУИ „ги потрошиле“ парите за подобри плати за административците


  Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари, истакна дека не е заробеник на проценти и дека јавната администрација се соочува со голем проблем да најде кадар, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, бидејќи поради аздисаноста на функционерите од нејзината […]

Австрија формира центристичка влада без крајната десница која победи на изборите


  Три партии постигнаа договор во четвртокот за формирање на нова центристичка влада во Австрија, пет месеци откако екстремно десничарската партија победи на изборите, но подоцна не успеа да формира администрација. Конзервативната Австриска народна партија, централно-левичарските Социјалдемократи и либералниот Неос се договорија за програма за коалиција по она што Кристијан Штокер, кој се очекува да […]

СДСМ фрла сомнеж на апсењата на власта, обвинува за правење линч со кривични пријави


Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање, порачаа денес со соопштение од […]

Уште 65 возачи без возачки дозволи фатени во сообраќај


Во рамки на активностите на полициските службеници на ниво на целата држава биле издадени 732 платни налози. Од нив, соопштија денеска од МВР, 214 се однесуваат на непрописно паркирање, а 194 за непочитување на пропишаната брзина на движење. По однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобилен телефон при возење, […]

Зошто Путин конечно преговара?


Додека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин размислуваат за средба во наредните недели, можеби е корисно да се праша зошто Москва сега се чини дека е склона да стави крај на војната во Украина. Три години по конфликтот, Путин му покажа на светот дека не се грижи за крвопролевањето. И, ако неговата […]

Трамп: „ЕУ беше формирана да ги зафркне САД“


  Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 25 отсто на Европската унија, тврдејќи дека блокот од 27 земји е „формиран за да ги зафркне Соединетите Држави“. Говорејќи на својот прв состанок на владата во средата, американскиот претседател рече дека наскоро ќе ги објави деталите за најновата тарифна закана. „Донесовме одлука и ќе […]

Во четвртиот квартал лани бројот на родени бил помал за 1.206 од бројот на починати


Бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4,2  проценти и изнесува 3.968 живородени деца. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во четвртиот квартал минатата година бележи намалување од еден процент во споредба со истото тримесечје […]

Истражување: Над 60 отсто од младите во Струга трајно би се иселиле


 Недостигот на квалитетни работни места, нискиот животен стандард, неконкурентниот пазар на труд, недоволната поддршка за младинско претприемништво, недовербата во институциите и ограничените културни и социјални содржини се главни причини поради кои младите се иселуваат од Струга. Ова го покажало истражувањето „Зошто младите се иселуваат од Струга?“ што го спроведе здружението „Аква“ на 500 испитаници на […]

Охрид СОС: Како парцелата на „Маларична“ од државна стана приватна за градење зграда?


Зградата на Маларична во Охрид, каде е сместен Здравствениот дом во овој туристички град, веојатно ќе биде урната, а на најезино место ќе никне станбена зграда, иако истиот објект пред неполна година беше реновинран, внатрешно и надворешно.    Од Граѓанската иницијатива Охрид СОС, предупредија дека постојат планови за окрупнување на парцела за сметка на објектот […]

Центарот за култура Крива Паланка доби 1.6 милиони денари за годишната програма


Осум проекти од литературна дејност, пет од фолклорната и повеќе проекти од музичко-сценска, ликовна дејност на Националната устанива Центар за култура Крива Паланка се поддржани со годишната програма на Министерството за култура и туризам, со вкупен буџет од 1.625.000 денари. Вршителката на должност директор на НУ Центар за култура Крива Паланка, Даниела Петровска, упати благодарност […]

Битолски театар доби 1,21 милион денари за годишната програма


Во Битолскиот театар се одржа првата прес конференција за 2025, посветена на првата премиера на Битолскиот театар, „Жиголо“, праизведба на македонскиот текст од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски. На почетокот директорот Васко Мавровски ги информираше присутните новинари дека за оваа сезона НТБ ќе има 10 премиери, од кои 3 праизведби, една детска […]

Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка, од декември е разрешен


Откако Александар Трајановски, денеска пред седницата на Советот на Град копје објави дека поднесува оставка од функцијата заменик-градоначалник, од Градот испратија соопштение во кое велат дека тој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци. – Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје […]

Мајдани: Албанскиот јазик е зацементиран во државата


Амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Мајдани во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача граѓаните да не се грижат бидејќи албанскиот е зацементиран во темелите на оваа држава. На прашањето дали јазикот е црвена линија во односите меѓу Албанија и Северна Македонија, Мајдани го стави прашањето во перспектива, а не во дневно-политички контекст. „Мислам дека […]

Муцунски со амбасадорката на САД, разговарале за безбедносните предизвици


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. На средбата било потврдено силното и стратешко партнерство меѓу двете земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност. Партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво реализирани во изминатиот период, […]

Филмската музика на Кирил Џајковски со оркестар на 6 април во НОБ


За прв пат во живо со оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски. Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија),  „Прашина“, „Сенки“, „Балканот […]

Атлантик Група: Резултат под влијание на силните притисоци од историски највисоките цени на кафето и какаото


ЗАГРЕБ – Атлантик Група во 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 1,08 милијарди евра, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 10,8%. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 12,0% на 97,0 милиони евра, додека нето добивката изнесува 26,5 милиони евра и е намалена за 15,2% […]

Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски поднесе оставка – „од кал да е – директор од Сарај да е“


Како човек кој осум години е дел од СОветот на Град Скопје, ми беше чест да прифатам да бидам заменик-градоначалник на Град Скопје. Оваа функција без никакви привилегии ја прифатив исклучиво да се обидам да придонесам за подобрување, развој, модернизација на Градот, јавните претпријатија, нивните услуги за граѓаните и начинот на функционирање“, рече Трајановски образложувајќи […]

Левица: Македонците плаќаат најскапи патарини за најлоши патишта


„Македонците плаќаат најскапи патарини за најлоши патишта тврдат од левица и бараат власта да го прифати нивниот предлог патарината да се намали за половина. „Додека животниот стандард на граѓаните е на дното во Европа и регионот, високите патарини се уште еден грабеж врз грбот на граѓаните. Компаративните анализи покажуваат дека во Бугарија се вози цел […]

Чест ми е, рече синоќа маестро Симон Трпчески кој го сефтоса новиот клавир на ФМУ пред преполна сала


Маестро Симон Трпчески и неговите пријатели-музичари, синоќа, со три часовен бесплатен концерт во НОБ, го промовираше новиот клавир „Feurich“- донација од бизнисменот Кочо Анѓушев, на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во соработка со австриската Амбасада и амбасадорот Мартин Памер. Омилен на македонската публика, поради виртуозноста и патриотизмот, синоќа, со својот говор и помно избраната […]

Правото на пристап до информации ги надминува деловните тајни, реши Европскиот суд на правдата


Доколку постои конфликт помеѓу правото на еден субјект за пристап до информации и строгите деловни тајни, на соодветните органи за заштита на податоците или на Суд може да им биде дозволен пристап до релевантните информации за да проценат кои од тие податоци може да бидат откриени, реши денеска Европскиот суд на правдата.  Пресудата е донесена […]