Лицата со попреченост бараат полесен пристап до здравствено-медицинските услуги


Полесен пристап за лицата со попреченост до здравствените услуги, до потребните лекови, но и поголема достапност до информациите за своите права од здравствено-медицинското подрачје, побараа учесниците на дебатата којашто се одржа во Велес. Проектот „Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата 2024 – 2026“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија, преку програмата „Цивика мобилитас“. […]

Истражување: Глобалното затоплување доведе до зголемување на бројот на стаорци во градовите


Неодамнешните научни истражувања покажуваат дека популацијата на стаорци во градовите рапидно расте поради глобалното затоплување. Во анализа на 16 градови низ светот, најголем пораст на бројот на глодари е забележан во Вашингтон, Сан Франциско, Торонто, Њујорк и Амстердам. Според истражувањето објавено во списанието Science Advances, единаесет од овие градови забележале „значителни трендови во растот на […]

ЕУ бара инструменти со кој парите на Европејците „ќе работат, наместо да спијат“


Последниве месеци во Брисел се почесто може да се слушнат термините „Унија на пазарите на капитал“ и „Унија за штедење и инвестиции“.  За потребата од зајакнување на Унијата на пазарите за капитал во неколку наврати говореше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додека терминот Унија за штедење и инвестиции го промовираше поранешниот […]

Трамп: Ниту Канада, ниту Мексико, ниту Кина од денеска не можат да ги одложат новите царини


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 отсто за увозот од Кина, и дека ниту една од тие три земји не може да не прави ништо за тоа да го одложи. Меѓутоа, Трамп ја спомена можноста за исклучок […]

Производите од ЕУ сигурно ќе добијат царини, вели Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови своите закани за воведување царини на производите од Европската унија, обвинувајќи ја Унијата за нефер трговски практики. Говорејќи синоќа во Белата куќа Трамп рече дека „апсолутно“ ќе воведе царини за стоките од ЕУ, додавајќи дека САД се третирани „ужасно“ и тврдејќи дека европските пазари се главно затворени за американскиот […]

Хамас ослободи уште двајца израелски заложници во Кан Јунис


Палестинската милитантна група Хамас му предаде двајца израелски заложници на Црвениот крст во Кан Јунис, Газа, а третиот се очекува да биде ослободен подоцна во текот на денот на друга локација. Израелската армија соопшти дека добила информација од Црвениот крст дека Хамас им ги предал заложниците Јарден Бибас и Офер Калдерон. „Тајмс од Израел “ […]

Шест лица загинаа при пад на авион „Лирџет 55“ во Филаделфија (видео)


– Авион за транспорт на пациенти, во кој имале шест лица, меѓу кои и едно девојче, вчеравечер се урна во Филаделфија, соопшти компанијата која управува со авионот. Компанијата „Jet Rescue Air Ambulance“ извести дека нивниот авион се урнал и дека во авионот имало четворица членови на екипажот и педијатриски пациент со неговата мајка. „Во моментов […]

Селектирањето отпад треба да е нераскинлив дел од активностите на градинките, училиштата и компаниите. Какви се западно европските искуства?


Многу македонски семејства живеат во западно европските градови. Организиран транспорт, чистота, системски правила се работи кои први ги забележуваат. Секундарно, а многу впечатливо е дека во овие градови речиси секој аспект од животот е поврзан со екологија, селектирање на отпадот и заштита на животната средина. За селектирање и рециклирање се учи од најмала возраст. Уште […]

Регистриран земјотрес во Скопје, епицентарот бил 10 километри источно од градот


  Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека ноќеска бил регистриран земјотрес чиј епицентар бил 10 километри источно од градот. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1 часот и 10 минути на 1 февруари 2025 […]

Администрацијата на Трамп размислува да ја стави УСАИД под контрола на Стејт департментот


Администрацијата на претседателот Трамп презема чекори за да ја стави американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би претставувало значајна реформа на начинот на кој Вашингтон ја доделува странската помош, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на два упатени извори. Извор на Ројтерс изјаби дека американскиот Совет за национална безбедност неделава […]

Младите место не ги држи: Кај сакаат да живеат и работат во ЕУ?


Што ги тера младите да се спакуваат и да си заминат од родната земја? Според статистичките податоци на Евростат од 2023 г., 14,2 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години се родени вон земјата во којашто моментално живеат, а 11,9 отсто живеат во друга земја од таа чиешто државјанство го имаат. Ситуацијата […]

Русија изврши ракетен напад врз историскиот центар на Одеса, дел од светското наследство на УНЕСКО


Руските сили извршија ракетен напад врз историскиот центар на украинското црноморско пристаниште Одеса, што се наоѓа на списокот на светското наследство на УНЕСКО, при што се оштетени згради и ранети се две лица, соопштија локалните власти. Фотографиите објавени на интернет го прикажуваат оштетениот хотел „Бристол“, луксузна знаменитост од крајот на 19 век, како и остатоци […]

Бугарија веќе го доби првиот авион „Ф-16“. За 16 ловци плати 2,5 милијарди евра


  Бугарија во петокот официјално го доби својот прв борбен авион „Ф-16 Блок 70“ и со тоа процесот на замена на старите советски „МиГ-29“ влегува во активна фаза. Сепак, предизвиците со кои се соочува бугарската воена авијација сè уште се големи, од кои најсериозниот е обезбедувањето средства и персонал за ефикасно користење на новите летала. […]

Скијачки натпревар „ДипломатСКИ“ во Маврово


Амбасадата на Словенија во Скопје, во соработка со Маврово Ресорт и Здружението на словенечки и македонски стопанственици, денеска организираат скијачки натпревар „ДипломатСКИ“ во Маврово. Како што соопштија од Амбасадата на Словенија, ова е прв настан од ваков вид во Северна Македонија, на кој ќе присуствуваат бројни амбасадори и дипломати, како и претставници на словенечки и […]

По двете сообраќајки ќе се изработува дополнителна документација за експресниот пат Ранковце-Крива Паланка


По недамнешните сообраќајни несреќи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), презема активности за да се изработи дополнителна сообраќајна проектна документација на експресниот пат со што ќе се зголемат мерките и ќе се подобри безбедноста на учесниците на сообраќајот. Поради специфичноста на експресните патишта од ЈПДП посочуваат да се […]

Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите


 Пораки дека решение за високите цени треба да се бара низ дијалог меѓу производителiте и продавачите и да се почитува Законот за нефер трговски практики, беа упатени во тек на бојкотот на големите ланци маркети што се одржа вчера првпат во државава по постојаното поскапување на основните прехранбени производи. Повикот за бојкот ги остави речиси […]

Драмски театар гостува со претставата „Драми на принцезите“ на фестивалот РУТА во Љубљана


Драмски театар Скопје со претставата „Драми на принцезите“ ќе гостува на регионалниот театарски фестивал РУТА што од 29 јануари до 3 февруари се одржува  во Словенија, во организација на Местно гледалишче од Љубљана. „Драми на принцезите“ е претстава работена по циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“ на нобеловката Елфриде Јелинек. Преводот […]