Трамп ги продолжи американските санкции против Русија за уште една година


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го продолжува рокот на американските санкции против Русија за една година. Ограничувањата беа воведувани постепено започнувајќи од претседателот Барак Обама во 2014 година, па неговиот наследник Доналд Трамп во 2018 година и следниот претседател на САД, Џо Бајден, во 2022 година. На денешниот брифинг за новинарите во Белата […]

Економијата на САД стагнира, невработеноста не се намалува


Во САД постои неизвесност околу најавените увозни царини и кратењето на државните работни места, при што економијата стагнира додека невработеноста не се намалува, јавуваат дел од американските медиуми повикувајќи се на мислења на аналитичари и економисти. Во четвртото тромесечје од 2024 година бруто домашниот производ на земјата  пораснал на очекуваните 2,3 отсто, соопшти денеска Министерството […]

Поднесено обвинение за 31 физичко и пет правни лица во „Адитив“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“. Со обвинителниот акт обвинителството му предложи на судот одземање на движни предмети (телефони, електронски и мемориски уреди) што биле употребени при извршување на кривичните дела, додека со посебен предлог се бара конфискација на […]

Браќата Тејт, обвинети за трговија со луѓе и силување, пристигнаа на Флорида; ДеСантис: „Не сте добредојдени“


Браќата Ендру и Тристан Тејт слетаа во Форт Лодердејл, Флорида, Соединетите Американски Држави, откако ја напуштија Романија со приватен авион во четвртокот, рече портпаролката на браќата, Матеа Петреску. „Ние сме невини додека не се докаже вината“, рече Ендру Тејт откако неговиот брат и тој пристигна во Америка. На браќата Тејт, кои имаат двојно американско и […]

Тошковски: Затворот го претвориле во „Хотел промаја“


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва гостувајќи во „Само интервју“ објави дека денес биле извршени два претреси на две локации, во домовите на  службени лица во рамки на затворот „Скопје“, поради сомненија дека сториле повеќе кривични дела со уште неколку други лица вработени во затворот. „Фрапантна е фактичката состојба од аспект на информациите со […]

Светската спортска академија „Лауреус“ ја повлече номинацијата на Јаник Синер за Спортист на годината


Светската спортска академија „Лауреус“ ја повлече номинацијата на светскиот рекет број еден во машкиот тенис, Јаник Синер за наградата Спортист на годината, поради неговата тримесечна забрана за допинг. Синер, кој ја прифати санкцијата на почетокот на овој месец, беше позитивен на анаболичен стероид „клостебол“, кој му беше даден од член на неговиот тим. Суспензијата на […]

Бугарски европарламентарец замолчен во македонското Собрание


Реципроцитет – беше барањето што им го испорачаа пратеничките од СДСМ, НСДП  и ВМРО-ДПМНЕ на бугарските европарламентарци кои денес и утре престојуваат во Скопје, во рамките на состанокот на Заедничкиот комитет  на ЕУ и  Македонија. Кавгата ја започна Ивајло Валчев од бугарската партија „Има таков народ“,  цитирајќи делови од извештај на Европската комисија против расизам […]

Навредата на Димитриеска-Кочоска врз пратеничката Петровска предизвика ураган од реакции


  Пратеничките прашања денеска добија нова димензија, откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати отворени навреди кон Славјанка Петровска, при што ѝ порача дека не ја заслужува нејзината почит и запрепастувачки, ѝ го оспори правото на пратеничката од СДСМ да поставува прашање за потрошувачката кошница, поврзувајќи го тоа право со семејната состојба. За СДСМ станува […]

Европска централна банка: Повторно функционираат платните трансакции во евра


Европската централна банка (ЕЦБ) вечерва извести дека „инцидентот е решен“ и дека TARGET 2 Securities (T2), систем за порамнување хартии од вредност што обработува трансакции во вредност од 1,9 трилиони долари дневно, продолжи со нормалното работење во 18 часот. За потсетување, технички потешкотии се случија во текот на денот во платните системи на Евросистемот, поточно […]

Шарпланинскиот куп го освои Константин Стоилов од Бугарија


Севкупен победник на Шарпланинскиот куп за 2025 година е Константин Стоилов (роден 2002) од Бугарија. Тој за сите четири трки во слалом вчера и денес на Попова Шапка имаше севкупно време од 2 минути 53 секунди и 30 стотинки. Во севкупниот пласман втор место освои неговиот сонародник Иван Главчев (2004) со време од 02:56:32. Третата […]

Реакции на апелот на Оџалан за положување на оружјето и самораспуштање на ПКК


Регионалниот претседател на полуавтономниот регион Ирачки Курдистан, Нечирван Барзани, го поздрави повикот на курдскиот лидер Абдула Оџалан, Курдската работничка партија (ПКК) да го положи оружјето и да се самораспушти. И лидерот на Сириски демократски сили (СДФ), Мазлум Абди го поздрави „историскиот“ повик на Оџалан, оценувајќи оти тоа ќе има позитивни последици за регионот. Германското Министерство […]

Илир Мета останува во притвор, Врховниот суд го одби барањето за поблага мерка


Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор, одлучи Врховниот суд, отфрлајќи го барањето за смена на оваа, со поблага безбедносна мерка, со што ја потврди одлуката на Aпелацискиот суд. Замена на мерката „затворски притвор“ Мета побарал со образложение дека „се попречува неговата политичка кариера и […]

Мурињо доби суспензија од 4 натпревари поради „расистички изјави“


Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација му изрече забрана на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо да го води својот тим на четири натпревари. Ова се случи поради изјавите на португалскиот стручњак по дербито со Галатасарај, кое заврши 0:0, кои беа дефинирани како расистички. Мурињо тогаш изјави дека клупата на Галатасарај „скока како мајмуни“ поради некои […]

Ноќеска, Тафталиџе 2 без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради технички зафат на санација на затварачи од ф – 300 мм и ф – 125 мм на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ – спроти „Реплек“, во периодот од 2 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населбата Тафталиџе 2 како и […]

Џин Хекман, сопругата и кучето биле мртви подолго време, во различни соби, покажува истрагата


Истрагата е во тек откако актерот Џин Хекман (95) и неговата сопруга Бетси Аракава (64) беа мистериозно пронајдени мртви покрај куче во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, соопштија властите. Двојката била пронајдена во средата попладне за време на проверка на социјалната помош, откако нивниот сосед се јавил и бил загрижен за нивната благосостојба, […]

Секој месец по најмалку едно семејно насилство во Тетово


Во три случаи на семејно насилство полицијата поднесе кривични пријави, затоа што биле тепани сопруги и татковци во Тетово, Гостивар и во Пробиштип.  СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(26) и И.Б.(31), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. На 14.11.2024 во Тетово, во стан […]

 70 проценти од археолошките локалитети се наоѓаат на приватни земјишта, вели Љутков


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков попладнево на собраниската говорница истакна дека археолошките локалитети кои се предмет на експропријација најчесто се наоѓаат надвор од урбанистичкиот опфат на населени места за изработка на ДУП-ови во населено место, и потребно е да се направи значителна измена во Законот за експропријација на земјиштето. – Во Законот за […]

Затвореници со дозвола на директорот на затворот и со службени возила се носеле дома


Кривична пријава за противзаконито ослободување на лице лишено од слобода, злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода, заработија десет лица, вработени во затвор, меѓу кои и поранешен директор на затворот, информира денеска полицијата, по спроведување на големата акција. На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична […]

Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 70 метри поради појава на магла има на Стража и во Крушево. Од АМСМ […]

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик


Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на „Х“ објави дека Стејт департментот ја поддржува првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.   „Ја почитуваме пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, напиша Тами Брус на „Х“. Таа додаде дека САД со децении наназад инвестираат во стабилна […]