Вселенското летало Blue Ghost ниско прелетa покрај Месечината и го сними изгрејсонцето


Вселенското летало Blue Ghost на американската вселенска агенција НАСА сними уникатна слика од површината на Месечината додека се подготвува за слетување на површината на Месечината планирано за претстојниот викенд. „Blue Ghost“ треба да слета на Месечината за прв пат во недела, на 2 март, а во пресрет на овој историски момент, леталото сними уникатни снимки […]

Меркур влегува во Овен! Три хоросопски знаци очекуваат пресврт до 15 март


Меркур во Овен носи брз и директен начин на размислување и комуникација. Меркур влегува во Овен на 3 март, но од 15 ќе биде ретрограден, па неговото влијание Лавовите, Стрелците и Овните треба да го искористат до средината на месецот. Луѓето со оваа позиција се брзоумни, импулсивни и склони кон донесување брзи одлуки. Нивните мисли […]

Роуз Жироне, најстарата преживеана од холокаустот, почина на 113 години


  Роуз Жироне, жената за која се верува дека е најстарата преживеана од холокаустот, почина на 113-годишна возраст, објавија во четвртокот нејзиното семејство и организацијата Claims Conference. Жироне е родена во 1912 година во еврејско семејство во југоисточна Полска како Роза Раубвогел, а како дете се преселила во Хамбург, Германија. Во 1937 година, таа се […]

Експерти на ОН предупредуваат на политиката на претседателот Трамп


Широк спектар експерти на ОН вчера излегоа со ставот дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги поткопува човековите права и основните слободи во САД и во странство. „Загрижени сме поради обидите на новата американска администрација да ја ослабне домашната заштита на човековите права, да ги поткопува меѓународните човекови права и хуманитарни системи, да го […]

Кои славни жени ќе патуваат со Лорен Санчез во вселената?


Американската пејачка Кети Пери и новинарката Гејл Кинг ќе патуваат во вселената со Лорен Санчез, свршеницата на извршниот директор на „Амазон“ Џеф Безос и уште три жени. Веста ја објави вселенската компанија „Блу ориџин“, а Санчез, која е пилот и поранешен телевизиски новинар, ги избра членовите на екипажот.   Singer Katy Perry will go to […]

Калас: НАТО е најдобрата безбедносна гаранција за Украина


Вашингтон – НАТО ја дава најдобрата безбедносна гаранција за Украина, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, директно спротивставувајќи се на позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп . Калас во Вашингтон изјави дека Европејците нема да можат да придонесат за евентуален договор за Украина доколку не бидат поканети на преговарачка […]

Кинотека доби 7, 5 милиони денари за годишната програма


Н.У. Кинотека на РС Македонија во 2025 година влегува со буџет од 7,5 милиони денари со кои ќе реализираат програмски активности од областа на заштитата на аудиовизуелните добра, проекти од меѓународна дејност и евроинтеграции, како и од издавачка дејност. Буџетот на единствената институција во државава што се грижи за националното аудиовизуелно наследство е зголемен за […]

Се менува системот за наплата на патарини во Србија: Колку километри ќе пројдете, толку ќе платите


Ќе има одредени промени во начинот на плаќање на патарините на српските автопатишта. Сè оди кон елиминирање на рампите, поточно, нивно подигнување, благодарение на системот за електронска наплата (ENP). „Со природниот раст на бројот на корисници на ENP, ќе бидеме во позиција да подигнеме рампи. Според нашата евиденција, две третини од камионите користат електронска наплата […]

Трамп ја отфрли молбата на британскиот премиер за безбедносни гаранции за Украина


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за минерали со Украина е безбедносната гаранција што му е потребна на Киев против Русија, отфрлајќи ја молбата на британскиот премиер Кир Стармер за дополнителна американска воена поддршка. Стармер, кој се сретна со Трамп за првпат во Белата куќа, рече дека мирот во Украина е можен […]

Учениците од Санторини, Иос, Аморгос и Анафи  се враќаат на училиште


Атина – Училиштата на грчките острови Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, што од почетокот на месецов беа затворени поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, ќе бидат отворени во вторник на 4 март, одлучија членовите на надлежните комисии при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА […]

Без вода делови од Центар и Карпош


Без вода денеска од 10 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ во Општина Центар.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф–100 милиметри на улица „Максим Горки“ бр. 13 во населба Центар. Поради технички зафат на санација на затварачи од ф–300 милиметри и ф-125 […]

Магла на Стража и Буково


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена е видливоста до 70 метри на планинските премини Стража и Буково. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На […]

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден без струја


Без електрична енергија денеска од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов“ лоцирани кај агенцијата „ОСА“ во општина Кисела Вода.  Во периодот од 9;30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Веле Марков“ и „Кичевска“ во општина Ѓорче Петров. Без струја од 12:00 […]

Две години од железничката несреќа кај Темпи – граѓаните бараат правда преку 380 протести во Грција и целиот свет


Атина – Пред точно две години, на 28 февруари 2023 година во Грција се случи една од најголемите железнички несреќи во изминатите најмалку 50 години, кога два воза, патнички и товарен движејќи се по иста шина, но во спротивна насока директно се судрија кај месноста Темпи, 57 лица го загубија животот, над 100 беа повредени, а […]

Облачно, магла и повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 28 февруари 2025 година, 59-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 306 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 17 часот и 23 минути. Денов трае 11 часа и 12 минутa. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Петровска ќе поднесе претставка до Комисијата против дискриминација за изјавите на Димитриеска-Кочоска


Пратеничката Славјанка Петровска најави дека ќе поднесе преставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација поради денешните изјави на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која и упати лични напади базирани на нејзината семејна состојба. „Ова не е заради мене. Она што денеска се случи во јавноста не е заради Славјанка Петровска туку затоа што […]

Наташа Стојановска нов главен и одговорен уредник на Телма


Новинарката Наташа Стојановска ќе биде нов главен и одговорен уредник на телевизија Телма. Ова таа вечерва го потврди на својот Фејсбук профил. „Март е месец за промени и нови предизвици а Телма е телевизијата каде продолжува мојот пат, сега на позицијата главен и одговорен уредник“, напиша Стојановска која денеска се збогувалa со досегашните колеги во […]

(Видео) Трамп: Реков дека Зеленски е диктатор? Не ми се верува дека го кажав тоа


Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон за да разговара за клучните прашања, со посебен акцент на војната во Украина и идната улога на САД во европската безбедност. За време на состанокот со Стармер во Белата куќа, Трамп се соочи со непријатно прашање од новинар за неговите претходни изјави во […]

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти во историјата


Рускиот шаховски велемејстор и поранешен светски шампион Борис Спаски почина на 89-годишна возраст, соопштија денеска Руската шаховска федерација и Меѓународната шаховска федеерација. Спаски беше светски шампион од 1969 до 1972 година, а три пати се натпреваруваше за светската титула (1966, 1969, 1972 година). Неговиот меч со Роберт (Боби) Фишер во 1972 година, прогласен за „меч […]