Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија


Во Собранието денеска ќе продолжи амандманската расправа за Буџетот за 2025 година. Последен ден за амандманите за државната каса е утре. Останати за разгледување, според информациите од Собранието, се околу 150 амандмани.  Амандманската расправа почна на 19 ноември, а треба да заврши најдоцна до 30 ноември. Поднесени беа вкупно 307 амандмани од кои 204 на […]

Протести во Грузија против владината одлука за прекин на пристапувањето во ЕУ, полицијата употреби водени топови


Грузиската полиција синоќа употреби водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во Европската унија. Илјадници луѓе се собраа во главниот град Тбилиси, откако премиерот Иракли Кобахидзе ја објави одлуката во време на постизборна криза поради која претседателката на земјата го оспори легитимитетот на новоизбраниот парламент и влада. […]

МКЦ домаќин на лансирањето на регионалната дигитална платфотма „Creative Gate“


Првата прес-конференција по повод лансирање на регионалната дигитална платформа „Creative Gate“ ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во МКЦ (Галерија) како дел од овогодинешната ПИН Музика Конференција. За време на прес-конференцијата ќе биде претставен развојот и позционирањето на Балканот како еден од главните глобални центри за креативната индустрија. Конференцијата ќе ја водат […]

Меѓународна научна конференција за митот и драмата во Скопје


„Мит и драма: современи интерпретации“ е меѓународна научна конференција која денеска и утре ќе се одржува во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Институтот за македонска литература и Факултетот за драмски уметности. […]

Оперска претстава „Турандот“ во НОБ, во рамките на „Месец на Пучини“


„Месецот на Пучини“ во Националната опера и балет ќе се затвори вечер со операта „Турандот“ од Џакомо Пучини, под диригентската палка на Роберто Џанола од Италија. Режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова. Концерт мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстор Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Настапувa […]

Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на советот на Град Скопје


Приватните превозници денеска нема да возат низ скопските улици, но се надеваат дека од понеделник ќе се вклучат во сообраќај. По вчерашната средба со советниците на ВМРО-ДПМНЕ на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека […]

Нов напад врз Киев, делови од руски дронови паднаа врз детска клиника


Делови од соборените руски беспилотни летала доцна синоќа погодија згради во два киевски квартови, при што е повредено едно лице, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални власти. Слики од урнатини расфрлани внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днипровски, на источниот брег на реката Днепро, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм. 🚨🇷🇺🇺🇦 […]

Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, на вториот ден од официјална посета на Црна Гора, ќе има средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ. Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“. Вчера, Сиљановска Давкова во Цетиње оствари средба со […]

Шпанија воведува платено климатско отсуство


Левичарската влада на Шпанија одобри „платено климатско отсуство“ до четири дена за да им овозможи на работниците да избегнуваат патување за време на вонредна состојба поради тешките временски услови, еден месец по поплавите кои загинаа најмалку 224 луѓе. Неколку компании се најдоа на удар на критики по 29 октомври бидејќи им наредиле на вработените да […]

Хрватска: Недостапни се веб-страниците на Владата и министерствата и полициските сектори


Веб-страниците на Владата и министерствата и полициските сектори се недостапни, јавија хрватските медиуми, наведувајќи дека засега нема официјални информации дали се работи за хакерски напад. Ниту една страница што е на gov. домејн не функционира, а не функционира ниту веб-страницата на Даночната управа.

МААЕ: Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството по руските напади


Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството на електрична енергија по најновите напади врз енергетската инфраструктура, што дополнително ја зголеми заканата за нуклеарната безбедност на земјата, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Мариано Гроси. „По вторпат за помалку од две недели, електраните „Хмелницки“, „Ривне“ и во Јужноукраинската централа […]

Дрим Тим со концерт во МНТ одбележуваат 25 години постоење


Музичкиот бенд „Дрим Тим“ вечерва со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одржат концерт по повод нивниот јубилеј 25 години постоење. Концертот се најавува како вистинско музичко патување низ времето, низ кариерата која почна во далечната 1999 година кога тогашната постава на Дрим Тим во која членуваа Никола Коцев, Маријан Коцев, Александар […]

Наутро магла и облачност, попладне дожд


 Времето денеска наутро ќе биде со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот ќе провладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а […]

Градоначалниците на Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат Меморандум за соработка за Преспанскиот басен


Меморандум за соработка за Преспанскиот басен, но и за формирање Европска групација за територијална соработка во прекуграничниот регион на Преспа меѓу општините Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат во Лемос, Грција четворицата градоначалници, а целта е општините од трите земји да се заложат за заедничката визија за одржлив развој, заштита на животната средина и […]

Путин го испофали Трамп дека е „интелигентен и искусен“ и може да најде решение за војната


  Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот го пофали новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како „интелигентен и искусен“ политичар способен да најде „решенија“, додека тензиите меѓу Москва и Западот се зголемуваат поради војната во Украина. Говорејќи пред новинарите во Казахстан, Путин, исто така, го осуди претседателот Џо Бајден за создавање „дополнителни тешкотии“ за администрацијата на […]

Постигнат времен договор со приватните превозници – но, ќе возат од понеделник!


Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Мартин Стојановски, вечерва по завршување на средбата со приватните превозници информираше дека дале предлог да се зголеми цената по километар од 70 на 100 денари во период од први декември до мај следната година. Тој побара што е можно побрзо да се свика вонредна […]

Грузија ги прекинува преговорите со Европската Унија


  Владејачката партија во Грузија објави дека земјата ќе ги прекине преговорите со Европската Унија до 2028 година и ќе го отфрли европското финансирање, со што практично ќе ја запре својата кандидатура за членство. Во соопштението за печатот, владејачката партија Грузиски сон ја обвини ЕУ за навреди, за користење на пристапните преговори за уцена и […]

Приватните превозници на средба со советниците на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе се договорат?


Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, вечерва пред средбата со претставници на приватните превозници што се одржува во Град Скопје, изјави дека целта е да дадат предлог за решавање на проблемот со автобускиот приватен превоз. Тој посочи дека ќе дискутираат за нивните проблеми и порача оти се надева дека за еден час по средбата ќе имаат […]

Без струја утре делови од општините Ѓорче Петров и Карпош


Без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Карпош, соопшти попладнево Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.  Од 10 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Исаија Мажовски бр.26 во општина Ѓорче Петров, а од 12 до 14 часот дел […]

Препорачани мерки за намалување на загадувањето во Куманово


Кумановци да користат јавен градски превоз, да го редуцираат користењето на возилата, да не користат несоодветни материи за затоплување, строго се забранува горење на отворено, побараа денеска надлежните од Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина и природата. Оттаму велат дека поради поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички […]